Showing posts with label КМ31. Show all posts
Showing posts with label КМ31. Show all posts

26 November, 2014

Во Скопје може и без кола!

Скопје е загаден град и тоа ни пречи на сите. Ни пречи кога шетаме, ни пречи кога возиме точак, ни пречи кога вежбаме на отворено, ни пречи секој пат кога ќе излеземе надвор, од која било причина. Не сме изолирани ни во нашите домови и коли, воздухот е насекаде ист! Воздухот е за сите ист, но различни превозни средства различно влијаат. Сите сме одговорни за загадувањето, но со менување на превозните навики можеме да го намалиме.   Автомобил не е единствен начин на превоз во Скопје. На помали дестинации може и пеш, на средни со точак, на подолги со автобус! Кога мора со автомобил, сподели превоз!   Група активисти...

24 November, 2014

Критична маса #31: Исфилтрирај ги навиките! Не чади, диши со полни гради.

Датум: Среда, 26.11.2014 Почеток: 17:30, Плоштад Македонија Крај: Плоштад Делфина, Влае ---------------------------------------------------------------------Facebook настан: линк Промотивни материјали: линкРута: http://goo.gl/j9TFdt --------------------------------------------------------------------- Постерот за КМ#31: „Исфилтрирај ги навиките“ Дали баш мора да запалиш кола за до продавница или за да излезеш на кафе? Дали е навистина неопходно на дестинација до 5-6 км. да одиш со кола? Има ли можност на некој друг начин да стигнеш таму каде што сакаш? Разгледај ги опциите како може да стигнеш дотаму,...

Промотивни материјали #КМ31

[дизајн: Мирослав Старовски] Промотивните материјали од овој блог-пост може слободно да се споделуваат, печатат, да се лепат на соодветни локации во градот, да се користат во рамки на објави за настанот или како линкови. Однапред ви благодариме на сите за помагањето да се прошири информацијата за Критична маса #31, а на Мирослав му благодариме што на интересен начин го претстави филтрирањето: од сменети навики до сменета стварност. МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ постер и флаер -Постер (А3, во боја, pdf) верзија за печатење: линк. Постерот за КМ 31 - верзија за веб и печатење   флаер, предна страна   флаер,...