Showing posts with label ПросторАнтиКорона. Show all posts
Showing posts with label ПросторАнтиКорона. Show all posts

08 November, 2020

Прашалник: Превоз за време на корона

Неформалното здружение НаТочак заедно со Здружението на граѓани Одржливи иницијативи од Скопје изработија прашалник со кој сакаат да ги регистрираат искуствата и ставовите на граѓаните во врска со превозот низ Скопје за време на корона-кризата.Пополнувањето на прашалниот е анонимно и ќе ви одземе само неколку минути, а секој одговор на истражувачите ќе им помогне да добијат прецизна слика за сообраќајните навики и промени во овој период. Онапред ви благодариме.Прашалникот е достапн на линкот.веб-банер 300 x 250веб - банер 990 x...

30 October, 2020

#ПросторАнтиКорона трансформации низ Европа [дел 2]

За време на корона-кризата, Европските и светските градови започнаа со брзи и значајни, често планирани како привремени промени во нивната инфраструктура со цел да се задоволи новата побарувачка за место за движење на две тркала, но и да се олесни гужвата во јавниот превоз. Во следниот текст споделуваме некои од нив, а за тоа што се случува кај нас и како треба да ја искористиме оваа криза за да се придвижиме кон одржливо користење на градскиот простор, прочитајте на следниот линк ↓[Дел 1: Од феноменот Простор анти корона кон одржлива трансформација на градовите]Милано и своите Strada Aperta – Отворени улици Отворени улици - колку добро...

Од феноменот Простор анти корона кон одржлива трансформација на градовите [дел 1]

Немаме лек, но имаме превентива - со здрави улици во борба против здравствената и климатската кризаВелосипедот е silent hero во борбата со корона вирусот. Секој еден човек на точак повеќе е еден човек помалку во полн автобус или еден автомобил помалку во сообраќајниот метеж.Ковид пандемијата ги раздрма сите аспекти на нашето општество, во голема мера ни ги промени секојдневните навики, меѓу кои и оние како се движиме низ нашиот град. Ги намаливме непотребните излегувања, а за оние задолжителните побаравме алтернативи. Возењето во полн автобус, такси или кола со повеќе луѓе станаа неприфатливи. Многу од граѓаните како најпрактично превозно средство...

08 May, 2020

Позитивно мислење за иницијативата “Простор анти корона“ од МЖСПП

На 22.04.2020 испративме Отворено писмо “Простор анти корона“ заедно со уште 41 организација до 23 институции во кое бараме воведување на привремени нови и проширување на старите пешачки и велосипедски површини како мерка за справување со кризата со корона-вирусот. Во меѓувреме се придружија уште десетина организации.Повеќе за предлозите и образложенијата зошто го бараме тоа, можете да прочитате во блог-постот: http://natochak.blogspot.com/2020/04/blog-post.html Веќе на 23.04.2020 заседавал по 33-ти пат Главниот координативен Кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID...