Showing posts with label комбиниран транспорт. Show all posts
Showing posts with label комбиниран транспорт. Show all posts

25 September, 2018

Патепис од експериментот: Со точак во воз низ Скопје

„Велосипедот не е целосна алтернатива на автомобилот. Ниту пак е возот. Но затоа комбинацијата… “- Marco Te Brömmelstroet (професор на Центар за урбани студии, Универзитет на Амстердам) Комбинирањето на велосипедскиот со јавниот превоз има предности и за: јавниот превоз (ќе ја зголеми достапноста до автобусите/возовите), во полза е и на велосипедскиот превоз (ќе ги продолжи прифатливите дистанци), на животната средина (ќе се намалат штетните емисии поради зголемување на привлечноста на овие 2 превозни средства наспроти автомобилите), на туризмот (ќе ја зголеми понудата за дестинации за туристите). На 22.09.2018 во Скопје во организација...

27 June, 2016

Допис до Македонски железници во врска со забраната за превоз на велосипеди во возовите.

НаТочак заедно со други велосипедски организации и иницијативи испратија допис до Македонски железници во кој бараат да прекине забраната за превоз на велосипеди во возовите преку изнаоѓање на решение за обезбедување простор за велосипедите и апелираат да се внимава на овој аспект при набавката на нови возови.Документот е достапен на линкот, а содржината исто така и во продолжение. ------------------------------ До: Македонски Железници Транспорт АД Почитувани, Ви се обраќаме по повод објавената информација во месец aприл 2016 г. во соопштение на Железничката станица во Скопје, дека во возовите на МЖ Транспорт АД се исклучуваат од превоз велосипедите. Добивме реакции од повеќе граѓани дека биле вратени од железничките станици со нивните велосипеди. Железницата како дел од целокупноста...

23 June, 2016

Средба со ЈСП на тема: Комбинирање на автобуски и велосипедски превоз (записник)

ЗАПИСНИКНа иницијатива на ЈСП, на 27.05.2016 во дирекцијата на ЈСП се одржа средба меѓу претставници на ЈСП и НаТочак.   На средбата претставниците на ЈСП ја презентираа идејата за интегрирање на велосипедскиот и автобускиот транспорт, а НаТочак посочи на други теми кои се допирна точка меѓу овие 2 типа сообраќај во Скопје. Фокусот сепак беше на можноста и потенцијалите на комбинирањето на автобускиот и велосипедскиот превоз.   Заедно беше заклучено дека:   -Јавниот превоз и велосипедскиот може да функционираат како добра комбинација и алтернатива на автомобилот: јавниот превоз поради својата брзина, а велосипедскиот поради можноста за „превоз до врата“ -Целни групи за комбинирање на превозот би биле: Граѓаните од приградски населби кои патуваат за работа, факултет...