The English text is below.
После писмото кое НаТочак го прати до Европската велосипедска федерација (достапно на линкот:
http://natochak.blogspot.com/2014/09/possibility-of-compulsory-helmet-law.html) барајќи поддршка во случајот со потенцијално воведување на задолжителна кацига (шлем) за сите велосипедисти, добивме брз одговор дека ќе ја добиеме неопходната поддршка за борба против овој закон.
На барање на НаТочак, ЕВФ пиша писмо за поддршка на нашиот обид да го спречиме донесувањето на оваа законска измена, адресирано до секој министер лично од релевантните министерства: Министерство за транспорт и врски (г. Миле Јанакиески), Министерство за здравство (г. Никола Тодоров) и Министерсвто за внатрешни работи (г. Гордана Јанкулоска), како и до Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.
Подолу е интегралниот текст од писмото кое овие институции го добија од ЕВФ по електронска пошта.
Pdf-верзија од писмото без контакт-деталите е достапна на следниот
линк.
Писмото ги потенцира некои од најголемите проблеми поврзани со легислативата за задолжителност на велосипедска кацига.
---------------------------------------------------------------------------------
ECF
Европска велосипедска федерација
Брисел, 1 октомври 2014
Реакција во врска со иницијативата за законски
задолжително носење кациги за велосипедистите
Почитуван Министре,
Замолени сме од страна на “НаТочак” да Ви се обратиме во
врска со иницијативата на Вашата администрација за законски задолжително носење
кациги за велосипедистите. Би сакале да Ви го изнесеме ставот на Европската
велосипедска федерација поддржувајќи ја организацијата “НаТочак” во однос на
прашањето и законската регулатива за носењето кациги за велосипедистите.
Законска регулатива за кацигите
Европската велосипедска федерација е категорично против тоа
сите велосипедисти да бидат принудени да носат кациги. Единствената потврдена
последица на законите за задолжително несење кациги е значително намалување на
бројот на велосипедистите. Се покажа дека намалувањето на бројот на
велосипедистите го зголемува ризикот за секој поединечен велосипедист. Велосипедистите
по правило живеат подолго и поздраво; сериозни повреди на главата кај нив се
ретки, а аргументите во прилог на носењето кациги и законите за кациги се
слаби. Главниот ефект на законите за кациги не е зголемување на безбедноста на
велосипедистите, туку обесхрабрување на луѓето да возат велосипед, со што се
поткопува здравствената и друга корист.
ECF се залага за унапредување на возењето велосипед и на безбедноста
на патиштата и затоа е против законската регулатива за задолжително носење кациги,
од следните причини:
• Во земјите каде што се воведени мерки за задолжително
носење кациги вообичаено доаѓа до намалување на бројот на велосипедистите од
20-30%.
• Поради
огромната корист од секојдневното возење велосипед за здравјето, секаква
интервенција од аспект на безбедноста на патиштата што го намалува или
негативно влијае врз бројот на велосипедистите секогаш доведува до штета по
јавното здравје, токму спротивно од целите на таа интервенција (de Jong
2012).
• Разни студии покажуваат дека во земјите каде што се поттикнува
возењето велосипед и каде што има голем број луѓе кои одат на работа со велосипед
се забележува "безбедност поради многубројноста" (т.е. колку е
поголем бројот на велосипедистите – толку е поголема безбедноста за секој
поединечен велосипедист). На тој начин, со намалувањето на бројот на велосипедистите
поради законската регулатива за задолжително носење кациги се зголемува ризикот
за преостанатите велосипедисти (Jacobsen 2003).
• Законите за задолжително носење кациги го
обесхрабруваат возењето велосипед прикажувајќи го како абнормално опасно, иако
податоците потврдуваат дека веројатноста да загинете возејќи велосипед е помала
отколку ако го поминете истото растојание одејќи пеш (Wardlaw 2002).
• Помала е веројатноста од повреда на главата кај
велосипедист отколку кај повреден пешак или човек што се вози во кола (ONISR
2005).
• Велосипедските кациги се предвидени само да штитат од
помали удари и контакти, а не од судир со моторни возила; ова јасно може да се
види од стандардите на ЕУ.
• Земјите во кои се воведени закони за задолжително
носење кациги не успеаја да ги намалат стапките на повреди на главата и покрај
зголемувањето на стапките на носење кацига (Cameron, Heiman and Neiger, 1992;
Smith and Milthorpe, 1993; Scuffham and Langley, 1997).
Подобри мерки за безбедност
Ја повикуваме Вашата администрација да се фокусира на успешно
докажани мерки за унапредување на возењето велосипед и за доброто на велосипедистите,
на пример:
• Намалување на брзината. Ова е еден од најдобрите начини
за намалување на бројот на жртвите меѓу велосипедистите (и другите корисници на
патиштата). Прекумерната брзина е директно одговорна една петина од сите судири
и една третина од сите смртни случаи на патиштата. Се проценува дека намалувањето
на просечната брзина на сообраќајот од 10% доведува до намалување од 37,8% во
бројот на смртните случаи (Elvik, R et al, 2004). За споредба, се проценува
дека намалувањето од 10% на “возењето ноќе” или “возењето под дејство на
алкохол” доведува до намалување на бројот на смртните случаи од 1,7%, односно
1,0%.
• Издвоена инфраструктура. Онаму каде што не може да се
намали брзината или обемот на сообраќајот, велосипедистите треба физички да се
одделат од сообраќајот на моторни возила. Постојат голем број добри примери за
планирање на инфраструктурата во целиот свет, на пример во земји како што се Холандија,
Данска или Германија.
Заклучок
• Носењето кацига не треба да биде задолжително; велосипедистите
треба да имаат право на избор дали ќе носат кацига или не. Забраната за возење
велосипед без кацига секогаш ќе има лоши
последици во однос на јавното здравје.
• Постојат многу подобри интервенции од задолжителното
носење кациги преку законска регулатива. Најважна меѓу нив е намалувањето на
брзината на моторните возила.
Д-р Бернхард Енсинк
Генерален секретар,
Европска велосипедска федерација
---------------------------------------------------------------------------------
After the letter NaTochak sent to the European Cyclists federation (available at this link:
http://natochak.blogspot.com/2014/09/possibility-of-compulsory-helmet-law.html) to ask for support in the case of possible introduction of mandatory helmet for all cyclists, we got a quick response that we are going to get all the support we need to fight against this law.
On the request of NaTochak the ECF wrote a letter of support for our attempt to prevent the adoption of this amendment addresed to each minister from the relevant ministries: Ministry for Transport and Communicatin (Mr. Mile Janakieski), Ministery of health (Mr. Nikola Todorov) and Ministry of interior (Gordana Jankuloska), and as well to the National Council for Road Traffic Safety.
Bellow is the integral text of the letter that was sent to by ECF to the relevant institutions.
Pdf-version without the contact details is available at this
link.
The letter highlights some of the major problems associated with Mandatory Bicycle Helmet Legislation.
---------------------------------------------------------------------------------
ECF
European Cyclists' Federation
Gordana Jankuloska,
St. Dimce Mirchev No.9
1000 Skopje
Brussels, 01 October 2014
Re: Response
to an initiative to impose bicycle helmet legislation
Dear Minister
Jankuloska,
We
have been asked to write to you by NaTochak concerning
an initiative by your administration to impose bicycle helmet legislation. We
would like to offer the position of the European Cyclists’ Federation in
support of NaTochak with regards to the issue of bicycle helmets and bicycle
helmet legislation.
Helmet legislation
The
European Cyclists’ Federation is very much opposed to an all-encompassing
coercion of helmet wearing for cyclists. The only really known effect of helmet
compulsion laws is that it causes a large reduction in the number of cyclists.
A reduction in the number of cyclists has shown to increase the risk to each
individual cyclist. Cyclists typically live longer and healthier lives; serious
head injuries are rare and the evidence in favour of helmet wearing and helmet
laws is weak. The main effect of helmet laws has not been to improve cyclists’
safety but to discourage cycling, undermining its health and other benefits.
ECF
promotes cycling and road safety, we therefore oppose mandatory helmet laws
because:
•
Countries that have introduced mandatory
helmet measures have commonly seen a reduction in cycling numbers of 20-30%
•
Because of the huge health benefits of
everyday cycling, any road safety intervention that reduces or impedes the
number of cyclists will always bring about a public health disbenefit, the
very opposite of the aims of the intervention (de Jong 2012)
•
Studies show that countries that promote
cycling and that have many cycling commuters, experience "safety in
numbers" (i.e. the larger the number of cyclists – the safer it is for
each individual cyclist). Reduced cycling through mandatory helmet legislation
thus increases the risk of injury to remaining cyclists (Jacobsen 2003)
•
Mandatory helmet laws discourage cycling by
portraying it as abnormally dangerous, although evidence shows that you are
less likely to be killed in a mile of cycling than in a mile of walking
(Wardlaw 2002)
•
Injured cyclists are less likely to have head
injuries than injured pedestrians or car occupants (ONISR 2005)
•
Bicycle helmets are only designed to
withstand minor knocks and bumps, not being hit by motor vehicles; this is made
clear in the EU standard
•
Countries that have introduced mandatory
helmet laws, have failed to reduce head injury rates despite increased helmet
wearing rates (Cameron, Heiman and Neiger, 1992; Smith and Milthorpe, 1993;
Scuffham and Langley, 1997)
Better safety
measures
We
call upon your administration to focus on well-established measures to promote
cycling and cyclists' well-being, for example;
·
Reducing speed – this is one of the best ways
of reducing cycling (and other road user) casualties. Excessive speed is a direct
factor in about a fifth of all collisions and is a major contributory factor in
a third of all road deaths. It has been estimated that a 10% reduction in the
mean speed of traffic will result in a 37.8% reduction of the number
of fatalities (Elvik, R et al (2004). To put this in perspective it
was estimated that a 10% reduction in “Exposure to darkness” and
“Drink-driving” gives a reduction in fatalities of 1.7% and 1.0% respectively.
·
Separate
infrastructure – Where speed or volume of traffic cannot be reduced cyclists
should be physically separated from motorised traffic. There is a large amount
of good examples of infrastructure design from around the world, from countries
such as the Netherlands, Denmark, and Germany for example.
In Conclusion;
·
Bicycle helmets should not be mandatory,
cyclists should have the choice as to whether they want to wear a helmet or
not. Banning cycling without a helmet will always result in a public
health disbenefit
·
There are many better safety interventions
than helmet legislation. The major one being a reduction in motor vehicle speed
Dr Bernhard Ensink
Secretary General
European Cyclists’
Federation