Showing posts with label КМ12. Show all posts
Showing posts with label КМ12. Show all posts

22 May, 2013

Извештај од Критична маса #12

Велосипедот покрај тоа што е играчка за најмалите, средство за рекреација и спортување за рекреативците и спортистите, мора да почне да се третира и како превозно средство и да си го добие заслуженото место во градските политики, урбанизмот, инфраструктурните проекти. И пред се' или паралелно на тоа- и во свеста кај граѓаните. Впрочем, тоа е една и од поентите на Критична маса.На еден или друг начин, тоа постојано го потенцираме. Но решивме Критична маса #12  да ја посветиме баш на врската меѓу точакот и градот. Преку работилница го запознававме точакот, а преку уште една Критична маса го до/ ре /пре-запознававме градот. Точакот е средство...

15 May, 2013

Извештај од работилницата: Запознај го точакот! Сподели- научи- поправи!

Точакот е едноставна машина, генијална зашто е едноставен склоп од мал број делови. Но сепак е машина, возило, превозно средство. Треба да се познава и одржува за да не' служи добро и долго и да немаме проблеми.Треба да биде здрав! :) Едноставноста, пак, овозможува некои ситни поправки да ги направиме сами, без некое големо знаење или труд.Сервисите за велосипеди некогаш се далеку или затворени и некогаш едноставно може да ви се случи дефект кога најмалку очекувате.  Зошто да си скратите од задоволството да се довозите со точакот до саканата дестинација само поради една обична дупната гума кога може сами за 10-ина минути...