
Јануарската Критична маса, 33-та по ред, ќе почне од Плоштадот Македонија во среда 17.30 часот, а ќе заврши на првиот кат од ГТЦ.
Секојпат одбираме карактеристичен крај со кој сакаме да ја одбележиме темата. Но овој пат е малку поинаку. Зошто токму првиот кат на ГТЦ? Затоа што сакаме да покажеме дека треба да се обрне внимание на рампите во Скопје.
Пристапноста е многу важна тема при креирањето на инклузивен град во кој сите граѓани ќе се чувствуваат како дома, без оглед на нивните можности и способности или избор.
Одамна ја имавме оваа идеја за крајна точка, а во неколку наврати беше предлагана од учесници на...