
На школо и факултет со велосипед! беше темата на КМ#5 Скопје на Точак. Нешто помалку од 150 велосипедисти на 26.09.2012 ја извозија патеката од 10,5км, која обиколи многу средни училишта, факултети и библиотеки, а заврши пред ректоратот на УКИМ. Испративме и писмо до многу образовни институции во градот, а при возењето институциите со најмногу паркинг места за точаци ги охрабривме со аплауз.
Ние уживавме при возењето, се надеваме и вие. Ако не можевте во живо, барем преку следниве фотографии и видеа.
13 велосипеди на 1 паркинг место за автомобил
Моменти пред тргнување
Весело друштво
Не` има од сите возрасти
Моноциклистот...