Showing posts with label #SkNaTochak. Show all posts
Showing posts with label #SkNaTochak. Show all posts

21 December, 2013

Вело-резолуција: Во 2014-та сакам Скопје (на точак) кое ќе...

Преку отворен повик на социјалните мрежи Facebook и Twitter, на e-mail, но и на отворениот „ѕид“ на работилницата за зимски гуми, собравме 150-ина желби за градот и предизвици кои точакољупците си ги поставуваат себе. Подолу е делот од вело-резолуцијата посветен на Скопје. Прочитајте овде за тоа како ја направивме. А за делот од резолуцијата посветен на предизвиците кои дел од точакољупците си ги поставуваат себе, прочитајте овде. Желбите за Скопје во 2014-та ги поделивме во 3 категории: 1. Инфраструктурни проблеми 2. Сообраќај и безбедност 3. Култура, едукација и општа состојба. Голем дел од желбите и не се само желби, туку одлични и зрели идеи кои градов би можел да ги искористи. Ви благодариме на сите за придонесот. Да се надеваме дека идеите ќе допрат до свеста на нашите...

17 December, 2013

Вело - резолуција 2014

отворениот „ѕид“ на работилницата за зимски гуми Преку отворен повик: [за градот] Си задавате ли себеси предизвици за новата година? Би му задале ли некој предизвик на градот и нашите сограѓани за 2014-та? Сакаме да направиме Новогодишна резолуција од најинтересните желби и предизвици за себе и градот произлезени од точакољупската задница. Па денес да почнеме од градот... Во 2014-та сакам Скопје (на точак) кое ќе... (дополнете ја реченицата во коментари). [за себе] Да продолжиме со делот од резолуцијата посветен на себе. Какви предизвици си задавате себеси за новата година, а се поврзани со точак?  Како...