Showing posts with label средба. Show all posts
Showing posts with label средба. Show all posts

27 August, 2013

Извештај од средбата со Град Скопје

После упатените барања за подобрување на постоечката велосипедска инфраструктура до сите скопски општини и Градот Скопје, првиот одговор го добивме од администрацијата на Град Скопје после што беше договорена средба.  Средбата се оствари на 20.08 од 10:00 до 11:00 часот во просториите на Град Скопје каде присуствуваа претставници од На Точак и претставници од Секторот за планирање и уредување на просторот и од Одделението за спорт. За жал, на средбата немаше претставник од Секторот за сообраќај, но присутните ветија дека ќе им ги пренесат заклучоците на своите колеги. На средбата подетално им ги презентиравме веќе упатените барања и целата наша заложба за промовирање на велосипедот како транспортно средство и за подобрување на условите за негово користење.  Вработените...

29 July, 2013

Средба со ЈП Улици и патишта

На 18-ти јули 2013 година неформалната група велосипедисти „НаТочак“, преку неколку претставници, оствари средба со раководството на ЈП „Улици и патишта“. Средбата се одржа во просториите на ЈП УиП по претходно искажан интерес од страна на директорот Синиша Ивановски. Целта на оваа средба беше да се идентификуваат проблемите и да се разгледаат можностите за подобрување на условите за урбан велосипедизам во Град Скопје, во рамки на надлежностите на ЈП УиП. Врз база на спроведената акција на мапирање на проблематични точки на булеварите „Партизански одреди“ и „Јане Сандански“, но и врз база на претходно обработените проблеми преку...