Showing posts with label пропратни активности. Show all posts
Showing posts with label пропратни активности. Show all posts

30 May, 2013

Роденденска изложба

Вчера на прозорите од Младинскиот културен центар беше поставена мала изложба на постерите од сите досегашни 13 критични маси. Уште кога почнавме да ги правиме неформалните собирања на точакољупци, пролетта 2012 година, се појавија дизајнери кои доброволно дизајнираа постери.  Подоцна со првата Критична маса го добивме и логото. Па нова верзија. Па оваа денешната. Дизајнерите и понатака имаа желба да придонесат за Критична маса, а тоа, иако непланирано, сосема се вклопуваше во филозофијата на ова движење.  Па така решивме да продолжиме и натаму: со вклучување на што повеќе дизајнери во 'визуелниот идентитет' на месечните возења...

28 May, 2013

Инфографик од анкетата „Точакољупци, не' има ли доволно?“

Минатата година во октомври спроведовме онлајн-анкета преку која сакавме да ги испитаме ставовите на точакољупците за ситуацијата со велосипедскиот сообраќај во Скопје и нивниот однос кон неа.  Ни одговорија и граѓани од други градови чии одговори се вклучени во делот за Македонија. Дополнителното текстуално објаснување на анкетата и анализата на текстуалните одговори ќе ги објавиме кон крајот на неделава.Очи во очи годишнината сакавме да ги покажеме резултатите барем преку инфографиков.Во Скопје има се' повеќе луѓе на точак!Погледнете што најмногу ги поттикнува да возат точак оние сограѓани кои возат и што ним, како на редовни учесници...

15 May, 2013

Извештај од работилницата: Запознај го точакот! Сподели- научи- поправи!

Точакот е едноставна машина, генијална зашто е едноставен склоп од мал број делови. Но сепак е машина, возило, превозно средство. Треба да се познава и одржува за да не' служи добро и долго и да немаме проблеми.Треба да биде здрав! :) Едноставноста, пак, овозможува некои ситни поправки да ги направиме сами, без некое големо знаење или труд.Сервисите за велосипеди некогаш се далеку или затворени и некогаш едноставно може да ви се случи дефект кога најмалку очекувате.  Зошто да си скратите од задоволството да се довозите со точакот до саканата дестинација само поради една обична дупната гума кога може сами за 10-ина минути...

10 May, 2013

Извештај од Критична маса #11

Пролетта е во полн ек и улиците се полнат со точаци и повеќе од лани.А ситуацијата со окупираните велосипедски патеки воопшто не се подобрува. Во пресрет на „сезоната“, со Критична маса #11 на 27.03 и активностите околу неа го посочивме овој проблем: апсурдноста и опасноста на ситуацијата во која се доведени велосипедистите (исто и пешаците).  Илустрирање на апсурдната ситуација, кога ќе се постави vice versa Ни од властите, ни од своите сограѓани кои се движат со автомобил, тие не се третирани како учесници во сообраќајот, па патеките наменети за нивно движење се се' почесто претворани во легални или нелегални паркинзи, сеедно. Credits...