Showing posts with label кеј. Show all posts
Showing posts with label кеј. Show all posts

23 March, 2020

Допис за прекин на патеката на кејот на Вардар за мост на бул.АСНОМ

Денес, 23.03.2020 НаТочак испрати допис до Град Скопје во врска со прекинот на велосипедската патека на кејот на Вардар во општина Аеродром поради извршување на градежни работи за мостот на бул. АСНОМ, а без изведено заобиколување. Дописот е достапен во .pdf облик на следниот линк, а како текст во продолжение: --------------------------- Скопје, 23.03.2020До: Град Скопје Сектор за уредување и просторно планирање Предмет: Пријава на инфраструктурен проблем – прекин на кејот за мост на бул. АСНОМ Почитувани, По реакциите на многу граѓани до нас, би сакале да ве известиме за непочитување на точка 2.1.4 Воведување на обврска...

04 April, 2019

Приказна 4: Ни викаат дека возењето велосипед е спорт. За нас е и транспорт!

4. Ни викаат дека возењето велосипед е спорт. За нас е и транспорт! Серија акции: Четири приказни кои можат да бидат велосипедски За целата идеја: тука Приказна 1: Ни викаат: Нема место за велосипедски ленти! Приказна 2: Ни викаат: Имате велосипедски патеки!Приказна 3: Ни викаат дека Скопје ќе биде Велоград! Приказна 4: Ни викаат дека возењето велосипед е спорт. За нас е и транспорт! ----------------- Веројатно првата асоцијација за велосипедската патека долж кејот на Вардар е дека таа е за спорт. Но ние мислиме дека може да биде и транспорт! Зелен транспорт! Вело транспорт! Велосипедската патека долж...

27 January, 2015

Мислење за изјавата на премиерот за велосипедизмот како спорт (25.01.2015)

Испратен е допис до Премиерот на Владата на Република Македонија, г. Никола Груевски, како реакција од НаТочак, по повод дадената изјава на една национална телевизија, каде од Премиерот беше побарано да се заложи за решавање на елементарен велосипедски проблем: прекин на дел од велосипедската патека на кејот на Вардар, близу Плоштад Македонија, заради одвивање на градежни работи. Во оваа прилика Премиерот го изјави следново " Е па ајде нека не се гради, да застанеме и да не се гради. Кога се спортува не е лошо да се крене точакот и тоа е вежбање, не е само возењето." Со оваа изјава делумно се расветли причината зошто урбаниот велосипедизам во нашиот град и држава не се помрднува од нулта точка. "Кога се спортува" - се' додека урбаниот велосипедизам се третира и перцепира како спорт, неговиот...