Showing posts with label КМ1. Show all posts
Showing posts with label КМ1. Show all posts

04 September, 2013

Интервју со Димче Димески за неговата инсталација Критична Маса - Првиот бран

Критична маса е инспирација сама по себе. Секое возење до сега успеало да створи некоја приказна. Дали ќе остане момент кој некој си го фатил само за себе додека возел или ќе биде муабет со некого кој ќе доведе до нешто трето... Некои приказни си остануваат лични, но секогаш има по некоја за која дознаваме.  Во случајов, збирот на повеќе лични размислувања на еден уметник го интегрираа проектот „Критична маса ~ Првиот бран“, како концепт од циклусот „Критична маса“, инициран од лична рефлексија, поттикната од урбан настан, проследен со велосипедско движење, како дел од поголемо глобално движење во главниот град Скопје.  На...

22 May, 2012

Критична Маса - Скопје на Точак #1 30.05.2012

Драги точакољупци, време е Скопје да го добие својот прв настан од ваков калибар - критична маса. Резервирајте го 30 мај 2012 во вашите планери. Не планирајте кафана после работа. Не планирајте ни да заглавувате на работа. Не ја планирајте ни вашата попладневна дремка на тој ден. Наместо тоа подмачкајте го вашиот точак и дојдете на дружба на каква што не сте биле до сега. 1. Генерални информации: 30.05.2012, среда Критична маса - Скопје на точак! View Критична маса - Скопје на Точак #1 in a larger map Собирно место: паркинг пред Зоолошка градина, 17:30 Патека: Зоолошка -> Рузвелтова -> Буњаковец -> Рекорд -> Црвен Крст ->  Мавровка -> Влада -> Совет на Град Скопје (Парк) 2. Повик: До сите кои возат точак и сакаат Скопје да стане пријателски...