Showing posts with label ДетскаКМ. Show all posts
Showing posts with label ДетскаКМ. Show all posts

13 November, 2018

Согледувањата и барањата од 5-тата Детска Критична маса „Орце на Орце“

Во саботата, на 10-ти ноември, се одржа 5-тата по ред Детска Критична маса со наслов “Орце на Орце“. Објавата на настанот ја има на линкот и во Facebook настанот, а целиот албум со фотографии, тука.Благодарноста до сите кои помогнаа ја изразивме тука.  Десетици деца и нивните родители имаа ретка можност безбедно да возат точак по улиците низ Дебар Маало и во околината. Кога се собиравме на почетната точка и кога ги прашавме децата дали се чувствуваат безбедно секојдневно на улица, ни рекоа дека не. А кога ги прашавме дали се чувствуваат безбедно денес и тука, ни рекоа: -Дааа!-Зошто?-Зашто нема коли и зашто има полиција. Претпоставуваме...

07 November, 2018

Детска Критична маса #5: Орце на Орце

Facebook настан: линк Рута: линк ------------------------------- Улиците се место за луѓето.  Автомобилите треба да се гости, а не домаќини, особено на маалските улици.  А предност имаат децата, нивните чекори и нивната слободна игра.  Затоа, ние од иницијативата на Детска критична маса во која сме НаТочак - NaTochak Колектив Ветерница Никулец Креатива и Едукација и Педала Ве покануваме на оваа 5-та по ред детска критична маса која ја возиме во срцето на градот и завршуваме во Дебар маало – гнездото на скопските автомобили!  ПОЧЕТОК: 11:30 пред Центар за странски јазици и Ветерница Затоа...

07 November, 2014

Ветеруваме на точак! (фото-преглед)

Училница на отворено за основни сообраќајни правила при возењето точак, проверка на исправноста на точакот и првата Детска Критична Маса заедно со игри за загревање и ориентација во простор - во здружен настан на Ветерница и НаТочак. (линк од најавата на настанот) Едно есенско пладне на 26.10.2014-та ветерувавме и се дружевме во парк деца од различни возрасти и нашите пријатели - точачињата :) Нека е за многу вакви дружби, живи јавни простори во градот и многу дечиња на точачиња!Проследете го фото-прегледот. Истите фотографии ги има и во Facebook-албум.  Сообраќајните знаци се спремни За ветерничките користевме...