Showing posts with label инфраструктура. Show all posts
Showing posts with label инфраструктура. Show all posts

29 March, 2015

Поуки за функционални велосипедски патеки од Карлсруе, Германија

Пред неколку дена објавивме check-листа за функционална велосипедска патека (точките се однесуваат на функционална единечна патека, а за функционална мрежа треба нови точки) на социјалните мрежи (facebook пост, facebook пост 2 и пост на twitter).     Поттикнат од неа, а уште повеќе инспириран од градот во кој живее, Karlsruhe, Германија, наш редовен и конструктивен неофицијален дописник :), Александар Иванов, ни прати и нови фотографии од велосипедските патеки во Karlsruhe со негов коментар. Ги проследуваме и се надеваме дека Скопје ќе примени некои од искуствата. -------------------------------------Почитувани,...

27 August, 2013

Извештај од средбата со Град Скопје

После упатените барања за подобрување на постоечката велосипедска инфраструктура до сите скопски општини и Градот Скопје, првиот одговор го добивме од администрацијата на Град Скопје после што беше договорена средба.  Средбата се оствари на 20.08 од 10:00 до 11:00 часот во просториите на Град Скопје каде присуствуваа претставници од На Точак и претставници од Секторот за планирање и уредување на просторот и од Одделението за спорт. За жал, на средбата немаше претставник од Секторот за сообраќај, но присутните ветија дека ќе им ги пренесат заклучоците на своите колеги. На средбата подетално им ги презентиравме веќе упатените барања и целата наша заложба за промовирање на велосипедот како транспортно средство и за подобрување на условите за негово користење.  Вработените...

15 August, 2013

Барања за подобрување на постоечката инфраструктура за урбан велосипедизам во Град Скопје

Веќе 15 месеци возиме заедно по улиците на град Скопје и покажуваме дека во Скопје има многу граѓани кои се превезуваат на точак, дека велосипедскиот сообраќај е важен и перспективен дел од сообраќајот и дека за негово безбедно и удобно одвивање мора да се обезбедат соодветни услови. Она што досега го имаме забележано како проблем со постоечката инфраструктура преку секојдневното возење велосипед низ Скопје, преку анкетата спроведена минатата година, преку искуствата споделени од наши сограѓани на профилите на НаТочак на социјалните мрежи и мини-истражувањето кое го направивме за средбата со ЈП Улици и патишта, го систематизиравме во неколку барања за подобрување на условите. Неколку активисти со своите велосипеди минатите денови ги обиколија сите скопски општини и градот Скопје...