На повикот за возење заедно до Тетово каде ја поддржавме со присуство првата Критична маса на тетовчани, се одзваа триесетина скопјани.
Се чекавме на 2 локации во Скопје и тргнавме по стариот пат Скопје- Тетово.
Патот воопшто не беше напорен. Имаше доста луѓе кои за првпат возеа на подолга рута или за првпат вон град и немаа апсолутно никаков проблем да ја извозат релацијата во еден ист ден во двете насоки!Одлично искуство низ убави предели кое го препорачуваме!
Еве како поминавме во насока од Скопје кон Тетово:
Стигнавме во Тетово саат и пол пред почетокот на КМ, тамам малку да одмориме.
Временските услови беа идеални, сончево беше речиси цело време. Тетовчани- расположени за возење точак (дел и за ролерки :)). Дојдоа околу 70-ина.
Состојбата на улиците, пак,...