Showing posts with label град Скопје. Show all posts
Showing posts with label град Скопје. Show all posts

26 December, 2021

Предлози за буџет на Град Скопје 2022 - НаТочак - потсетување до советниците и администрацијата

Во пресрет на седницата на која ќе се гласа Предлог Буџетот на Град Скопје за 2022 година, НаТочак се обрати преку службените mail-ови до советниците и стручните служби од администрацијата. Седницата е закажана за 29.12.2021 година, на истиот ден со Критична маса #88. Текстот на обраќањето го има во продолжение:----------------Почитувана Градоначалничка на Град Скопје, г-ѓа Арсовска,Почитуван Претседател на Советот на Град Скопје, г-н Славески,Почитувани вработени во администрацијата во Град Скопје,Почитувани советници,Би сакале да Ви се обратиме во пресрет на донесувањето на Буџетот на Град Скопје за 2022 година и да Ве потсетиме на...

03 December, 2020

4 приоритетни предлози од НаТочак за Буџет на Град Скопје 2021

Минатата седмица на покана на претставниците од Град Скопје, после подолга пауза беа обновени состаноците на претставници на НаТочак со Координативното тело за велосипедски сообраќај на Град Скопје.На средбата претставниците на Град Скопје информираа за тековните проекти и за идните планови (главно за нови велосипедски конекции, проблеми со постоечките изведби, поставување велосипедски паркинзи, поврзување на кејот со рампи, отстранување на билборди итн.), претставниците на НаТочак дадоа свои забелешки и усно, а и писмено после состанокот. Како надоврзување на разговараното беше пратен и дописот во продолжение кој се однесува на Буџетот...

21 August, 2020

Прашање и реакција во врска со пробивањето на улица Есенинова

Денес, 21.08.2020, испративме допис до град Скопје со прашање во врска со пробивањето на ул.Есенинова, но и со реакција за потребата од работење на сеопфатна велосипедска мрежа на ниво на Град Скопје, како и со потсетување на потпишаниот меморандум.Дописот како документ е достапен на следниот линк, а како текст во блог-постот во продолжение.-----------До: Град Скопје, Градоначалник на Град Скопје, Сектор за планирање и уредување на просторот, Координативно тело за велосипедски сообраќај Предмет: Прашање и реакција во врска со пробивањето на ул. ЕсениноваПочитувани,На 20.08.2020 година, Град Скопје на официјалната веб страница објави соопштение...

26 December, 2019

Предлози за програми и буџет на Град Скопје за 2020-та година - НаТочак

На крајот на месец декемви, во очи носењето годишни програми и буџети на локалната самоуправа, НаТочак испрати допис до Град Скопје и до општините, до градоначалниците, до членовите на Советите, до раководителите на релевантни сектори во администрацијата.Мејлот и документот со предлози со кој се обративме до одговорните страни во Град Скопје е во продолжение.  ------------------------- Почитувани,Ве контактираме со овој допис, свесни дека во овој период се носат годишни програми и буџет за следната година. Очекуваме како советници кои нѐ претставувате нас како граѓани да ги разработите темите во соодветни амандмани, а вработените во Секторите...