Showing posts with label ДенБезАвтомобили. Show all posts
Showing posts with label ДенБезАвтомобили. Show all posts

14 September, 2018

Ден без автомобили 2018

Датум: 22.09.2018 (сабота)Место: низ улиците на Скопје Facebook настан: линк ------------------------------- На 22-ри септември (сабота) да се приклучиме на прославата на Светскиот Ден без автомобили.  https://en.wikipedia.org/wiki/Car-Free_Days Овој ден го слави движењето пешки, со велосипед, со тротинет, со јавен превоз... на било каков одржлив начин, само не со автомобил. Идејата на Денот е да ни даде претстава како би изгледале нашите соседства со помалку автомобили. Над 1500 градови во светот: -и во развиени и во земји во развој -градови со развиена велосипедска култура и градови со велосипедска култура во развој -градови со развиен...

12 September, 2018

Потсетување за Денот без автомобили 22.септември 2018

После упатеното барање за организирање на Ден без автомобили на крајот на август, денес (12.септември) го споделуваме потсетувањето во врска со Денот без автомобили кое го испративме до скопските општини: Општина Центар, Општина Карпош, Општина Аеродром, Општина Ѓорче Петров, Општина Чаир, Општина Бутел, Општина Гази Баба, Општина Сарај, Општина Шуто Оризари. Почитувани, Би сакале да ве потсетиме на можноста да организирате Ден без автомобили (Car free Day) / Отворени улици (Open streets) на 22-ри септември. Како тоа обично изгледа на други места, можете да погледнете на линковите. На 22-ри септември е светскиот Ден без автомобили.На...

22 September, 2015

Сакаме вистински Ден без автомобили!

Денес е Денот без автомобили, завршен ден на Европската недела на мобилност. Денот без автомобили треба да ја прати пораката дека не треба да сме зависни од автомобилот, дека дел од патувањата можеме да ги пренасочиме на одржлив превоз (пешачење, велосипед, јавен транспорт). Со ова би доживеале ден со помала бука и загадување, помалку гужви и повеќе радост, што и се случува во оние градови кои го реализираат доследно овој ден. Велосипедската парада која се случува неколку години по ред во Скопје не може да се нарече Ден без автомобили.Ден без автомобили не е церемонијален настан кој трае 2 часа! За 2 часа можеме само да се провозиме, да се...