Со цел подобро да се запознаеме со јавниот систем за изнајмување на велосипеди и да ги пренесеме нашите согледувања во врска со него, упативме барање за состанок до ЈП Градски Паркинг во чија надлежност е системот.
Средбата се одржа на 23-ти април 2014 г. во просториите на ЈП Градски Паркинг.
Беа присутни претставници од НаТочак, Град Скопје и ЈП Градски Паркинг.
На средбата ги претставивме нашите сознанија и искуства во врска со системот за изнајмување велосипеди.
Како предност ги истакнавме: достапната цена и релативно лесната процедура, а како најголем недостаток: нередовното одржување и малиот број на станици, односно бавниот развој на системот кој функционира од 2009-та година.
Исто така, беше спомната можноста за воведувањето...