Showing posts with label Закони. Show all posts
Showing posts with label Закони. Show all posts

27 June, 2019

Предлози за измени на Законот за урбанистичко планирање

На 26.06.2019 година НаТочак-Скопје заедно со Битола НаТочак, Прилеп НаТочак и Гостивар НаТочак испратија документ со предлози за измена на Законот за урбанистичко планирање до Комисијата за транспорт, врски и екологија, која во овој период го разгледува текстот на Законот и подготвува амандмани. Во продолжение е нашиот мејл до Комисијата, а во негово продолжение и содржината на документот со предлозите во облик на текст.Како прилог ги пративме следните документи: Основен документ со предлози за измена на Законот за урбанистичко планирање Додаток 1:  Визија за Македонија на точак, доставена до сите политички партии во ноември 2016-та...

12 June, 2015

Задолжителни паркинг места за велосипеди кај објектите со јавна намена

Според измените на Законот за градeње од август 2014-тата (Службен весник на РМ, бр. 115) јавните објекти од тогаш па наваму се обврзани да обезбедат паркинг места за велосипеди. Обврската се однесува за објекти кои допрва ќе се градат, а оние кои веќе се изградени, а немаат паркинг места за велосипеди, имаат рок од една година да обезбедат (т.е. до 1.08.2015). Ја поздравуваме оваа позитивна законска измена. Следен чекор во однос на паркинзите за велосипеди кој го очекуваме е истата обврска да се однесува и за објектите за домување и за објектите со комерцијално-деловна намена. И велосипедот е превозно средство и треба да има можност за негово...