Работилницата со Ралф Ван Дер Зејден „Зошто точак?“ во организација на Холандска Амбасада, НаТочак и ЕУ Инфо Центарот се одржа на 30.10.2014 во просториите на ЕУ Инфо Центарот. Се состоеше од презентација и дел за дискусија.
Со презентацијата Ралф, инаку моментално директор на компанијата I bike Belgrade и Beograd Velograd фестивалот, направи преглед на неговиот животен пат со велосипедите од Холандија до Белград, на состојбата со велосипедската инфраструктура и култура во Холандија и во земјите од Југоисточна Европа и презентацијата ја заврши со поенти и пораки зошто точакот треба да се сфати сериозно како придвижувач на позитивни...