Showing posts with label извештај. Show all posts
Showing posts with label извештај. Show all posts

23 June, 2016

Средба со ЈСП на тема: Комбинирање на автобуски и велосипедски превоз (записник)

ЗАПИСНИКНа иницијатива на ЈСП, на 27.05.2016 во дирекцијата на ЈСП се одржа средба меѓу претставници на ЈСП и НаТочак.   На средбата претставниците на ЈСП ја презентираа идејата за интегрирање на велосипедскиот и автобускиот транспорт, а НаТочак посочи на други теми кои се допирна точка меѓу овие 2 типа сообраќај во Скопје. Фокусот сепак беше на можноста и потенцијалите на комбинирањето на автобускиот и велосипедскиот превоз.   Заедно беше заклучено дека:   -Јавниот превоз и велосипедскиот може да функционираат како добра комбинација и алтернатива на автомобилот: јавниот превоз поради својата брзина, а велосипедскиот поради можноста за „превоз до врата“ -Целни групи за комбинирање на превозот би биле: Граѓаните од приградски населби кои патуваат за работа, факултет...

08 November, 2014

Работилница за градски велосипедизам со Ралф Ван Дер Зејден (видео + фотографии)

Работилницата со Ралф Ван Дер Зејден „Зошто точак?“ во организација на Холандска Амбасада, НаТочак и ЕУ Инфо Центарот се одржа на 30.10.2014 во просториите на ЕУ Инфо Центарот. Се состоеше од презентација и дел за дискусија. Со презентацијата Ралф, инаку моментално директор на компанијата I bike Belgrade и Beograd Velograd фестивалот, направи преглед на неговиот животен пат со велосипедите од Холандија до Белград, на состојбата со велосипедската инфраструктура и култура во Холандија и во земјите од Југоисточна Европа и презентацијата ја заврши со поенти и пораки зошто точакот треба да се сфати сериозно како придвижувач на позитивни...

07 November, 2014

Ветеруваме на точак! (фото-преглед)

Училница на отворено за основни сообраќајни правила при возењето точак, проверка на исправноста на точакот и првата Детска Критична Маса заедно со игри за загревање и ориентација во простор - во здружен настан на Ветерница и НаТочак. (линк од најавата на настанот) Едно есенско пладне на 26.10.2014-та ветерувавме и се дружевме во парк деца од различни возрасти и нашите пријатели - точачињата :) Нека е за многу вакви дружби, живи јавни простори во градот и многу дечиња на точачиња!Проследете го фото-прегледот. Истите фотографии ги има и во Facebook-албум.  Сообраќајните знаци се спремни За ветерничките користевме...

30 July, 2013

Извештај од Критична маса #14

Точакот е превозно средство кое се движи на тркала. Делува очигледно, но... Во градов има повеќе места каде не претпоставиле дека треба да се искачи или симне некој кој се движи на тркала отколку што има онакви каде тоа го имале предвид.И ние сакаме тоа да се смени!  на бул. Кочо Рацин рабниците се високи баш таму кај што велосипедската патека се спојува со пешачкото острово Преку јавниот повик за праќање на фотографии од проблематични, но и релативно добри локации во градот собравме повеќе фотографии. Направивме албум во кој го илустриравме проблемот на „скалите“, т.е. високите рабници кои треба да се заменат со рампи со добар...