
Во недела, 29.април 2018 година ќе правиме мини-акција на ново-промовираното проширување на ул.Христијан Тодоровски Карпош. Според она што го видовме на објавите од Град Скопје и медиумите, убедени сме дека не се задоволени елементарни услови за пешачење и возење точак.
Лево: Слалом за пешаци, нема патека за точаци. Средина: писти за автомобили
Се сеќавате на ова видео?
На него во 2012-та година прикажавме како е да се движи човек на точак или пешки на таканаречените (тогаш новопроширени) булевари: Илинден, Климент Охридски, Теодосиј Гологанов...Дефиницијата за булевар опфаќа соодветно решение и за пешачки и велосипедски...