Showing posts with label паркинзи. Show all posts
Showing posts with label паркинзи. Show all posts

10 June, 2018

Допис до Општина Карпош и Општина Центар за поставувањето паркинзи за велосипеди

Изразуваме поддршка за акциите на поставување паркинзи (држачи) за велосипеди во Општина Карпош и Центар, но сакаме да потсетиме на некои основни правила и позитивни пракси кои се однесуваат на поставувањето на држачи за велосипеди, особено во јавен простор, сè со цел паркинзите да се користат повеќе, велосипедите да бидат побезбедни и севкупно да се унапредува употребата на велосипедот како превозно и рекреативно средство.Дописот го има на линкот како документ или во продолжение како текст.------------- Почитувани Општина Карпош и Општина Центар, Ви пишуваме како реакција на новопоставените паркинзи во Општина Карпош (06.06.2018), во врска...

17 April, 2018

Зелени општини или бескрајни можности за паркирање?

Јавниот простор е ограничен ресурс. Општините планираат дали ќе биде искористен за движење на возила и колкав дел од него, дали ќе биде искористен за паркирање на возила и колкав дел од него, дали ќе биде искористен за зеленило и колкав дел за тоа, дали за детски игралишта, плоштади, пешачки површини, велосипедски патеки и ленти... Општините одлучуваат кои се приоритетите за вложување на буџетот кој го имаат на располагање. Дали ќе одржуваат зеленило и детски игралишта или ќе градат и одржуваат паркинзи за коли. Можат и тоа и тоа, но ако се споредат сумите на крајот од годината, ќе се покажат вистинските приоритети (колку биле навистина...

08 November, 2016

Став за ослободувањето на патеките на Партизанска

Во контекст на дискусијата за “укинатите” паркинг места на Партизанска во близина на Универзална сала, НаТочак објавува свој став на оваа тема. Единственото нешто што досега беше укинато на овој потег беа велосипедските и пешачките патеки. Тие физички постоеја, но не функционираа бидејќи беа претворени во паркинг за автомобили. Возилата најчесто паркираа попречно на пешачкиот дел, а велосипедската патека се користеше од пешаците, во простор сведен на тесно планинарско патче на кое двајца пешаци едвај се разминуваа, за сметка на автомобилите кои владееја со целиот простор. Овој јавен простор досега нелегално беше узурпиран од приватни возила и противзаконски се користеше како паркинг. Овој простор не е легален паркинг. Според Закон за безбедност во сообраќајот, Член...

20 June, 2015

Критична маса #38: Саглам паркинг, раат кафе!

Датум: среда, 24.06.2015Почеток: 19:00 (летно сметање на КМ), Парк на Франкофонијата Крај: пред Кинотека ---------------------------------------------------------------------Facebook настан: линк Промотивни материјали: линкРута: линк --------------------------------------------------------------------- Закон за паркинг за велосипеди: линкВелосипедски приказни: линкАлбум со паркинзи за точаци во Скопје: линк --------------------------------------------------------------------- постерот за КМ #38 Ние, кои возиме точак во градов, често се соочуваме со вакви приказни.  Кога конечно некако ќе успееме...

Паркирајќи го точакот. Неколку слики од велосипедското секојдневие.

Слика 1 Прекрасен јунски ден. Времето е сончево и дувка пријатно летно ветре. Додека возиш велосипед го вдишуваш мирисот на тукушто расцветаните липи. Одиш на закажаното кафе со пријателите, но некако не ти се брза и сакаш да уживаш во вртењето на педалите. Конечно стигнуваш пред кафулето. Друштвото е веќе собрано и сите се убаво расположени. Им мавнуваш за поздрав и им довикуваш дека веднаш ќе им се придружиш. „Само да го заврзам точакот“, им велиш. Но гледај беља, пред кафулето воопшто нема паркинг за велосипеди. Почнуваш да се туфкаш и да разгледуваш наоколу. Мора да најдеш некое соодветно место каде што би го врзал точакот. Пробуваш да...