Showing posts with label КМ38. Show all posts
Showing posts with label КМ38. Show all posts

20 June, 2015

Критична маса #38: Саглам паркинг, раат кафе!

Датум: среда, 24.06.2015Почеток: 19:00 (летно сметање на КМ), Парк на Франкофонијата Крај: пред Кинотека ---------------------------------------------------------------------Facebook настан: линк Промотивни материјали: линкРута: линк --------------------------------------------------------------------- Закон за паркинг за велосипеди: линкВелосипедски приказни: линкАлбум со паркинзи за точаци во Скопје: линк --------------------------------------------------------------------- постерот за КМ #38 Ние, кои возиме точак во градов, често се соочуваме со вакви приказни.  Кога конечно некако ќе успееме...

Промотивни материјали КМ #38: Саглам паркинг - раат кафе!

[дизајн: Вања Штркова] Промотивните материјали од овој блог-пост може слободно да се споделуваат, печатат, да се лепат на соодветни локации во градот, да се користат во рамки на објави за настанот или како линкови. Однапред ви благодариме на сите за помагањето да се прошири информацијата за  Критична маса #38. А на Вања Штркова ѝ благодариме за раат дизајнот и раат комуникацијата :) МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ  постери -Постер (А3, во боја) верзија за печатење: линк (pdf) МАТЕРИЈАЛИ ЗА ВЕБ постер банери 300x250 300x250  500x500 500x500 500x500 980x100 980x100 980x100 990x80 990x80 Facebook...

Паркирајќи го точакот. Неколку слики од велосипедското секојдневие.

Слика 1 Прекрасен јунски ден. Времето е сончево и дувка пријатно летно ветре. Додека возиш велосипед го вдишуваш мирисот на тукушто расцветаните липи. Одиш на закажаното кафе со пријателите, но некако не ти се брза и сакаш да уживаш во вртењето на педалите. Конечно стигнуваш пред кафулето. Друштвото е веќе собрано и сите се убаво расположени. Им мавнуваш за поздрав и им довикуваш дека веднаш ќе им се придружиш. „Само да го заврзам точакот“, им велиш. Но гледај беља, пред кафулето воопшто нема паркинг за велосипеди. Почнуваш да се туфкаш и да разгледуваш наоколу. Мора да најдеш некое соодветно место каде што би го врзал точакот. Пробуваш да...

12 June, 2015

Задолжителни паркинг места за велосипеди кај објектите со јавна намена

Според измените на Законот за градeње од август 2014-тата (Службен весник на РМ, бр. 115) јавните објекти од тогаш па наваму се обврзани да обезбедат паркинг места за велосипеди. Обврската се однесува за објекти кои допрва ќе се градат, а оние кои веќе се изградени, а немаат паркинг места за велосипеди, имаат рок од една година да обезбедат (т.е. до 1.08.2015). Ја поздравуваме оваа позитивна законска измена. Следен чекор во однос на паркинзите за велосипеди кој го очекуваме е истата обврска да се однесува и за објектите за домување и за објектите со комерцијално-деловна намена. И велосипедот е превозно средство и треба да има можност за негово...