Showing posts with label безбедност. Show all posts
Showing posts with label безбедност. Show all posts

31 January, 2022

Што планираат да преземат за безбедноста во сообраќајот 10-те скопски општини и Град Скопје?

За безбедноста во сообраќајот има многу фактори (едукација, инфраструктура, полиција, казнена политика судство итн.), но најважно е да не дојде до судар, најважна е превентивата и тоа онаа превентива која не зависи од тоа дали е совесен учесникот, дали има полицаец или дали работи камерата. Онаа превентива која работи во 100 % од времето - ИНФРАСТРУКТУРАТА. Токму затоа, од сите можни фактори, НаТочак ја има избрано за фокус на своето делување. Има многу мала поента да се прават кампањи и да се врши едукација за предност на пешаците, или за внимателно однесување на возачите во сообраќај, или за еднаква одговорност на сите учесници, кога општините и Град Скопје не го планирале внимателно просторот за ранливите учесници, кога тие ги оставаат на маргините. Затоа после редица сообраќајни судири...

22 November, 2018

Став за воведувањето “Зона 30“ во Карпош 4

Објава од Општина Карпош на линкот Општина Карпош воведува т.н. “Зона 30“ (Зона на смирен сообраќај) во Карпош 4. Одлично! Според нас (а по примерот на Париз и други градови) секоја улица која не го идзвојува велосипедското движење во посебни патеки (а такви се само булеварите), треба да биде “Зона 30“ заради безбедно споделување на истите површини меѓу возилата и велосипедите. Додека, пак, улиците кои немаат издвоени пешачки патеки треба да бидат и “Зона 20“ зашто пешаците треба безбедно да коегзистираат со автомобилите.Само улиците кои ги раздвојуваат трите типа движење смеат да имаат дозволени брзини од...

13 November, 2018

Согледувањата и барањата од 5-тата Детска Критична маса „Орце на Орце“

Во саботата, на 10-ти ноември, се одржа 5-тата по ред Детска Критична маса со наслов “Орце на Орце“. Објавата на настанот ја има на линкот и во Facebook настанот, а целиот албум со фотографии, тука.Благодарноста до сите кои помогнаа ја изразивме тука.  Десетици деца и нивните родители имаа ретка можност безбедно да возат точак по улиците низ Дебар Маало и во околината. Кога се собиравме на почетната точка и кога ги прашавме децата дали се чувствуваат безбедно секојдневно на улица, ни рекоа дека не. А кога ги прашавме дали се чувствуваат безбедно денес и тука, ни рекоа: -Дааа!-Зошто?-Зашто нема коли и зашто има полиција. Претпоставуваме...

15 October, 2018

Кои треба да бидат новите стандарди при реконструкција на булевари?

Напишавме реакција на Facebook по повод реконструкцијата на дел од коловозот од бул.Партизански одреди и нејзиното претставување како нови стандарди. Бидејќи забелешките важат за било кој булевар, не само за Партизански одреди, ја споделуваме реакцијата и во блог-постот во продолжение. --------------------- Според нас промената на асфалт не смее да се смета ни за реконструкција доколку сообраќајното решение не се унапредува, а камоли пак за нов стандард. Тоа едноставно спаѓа во одржување на постојната состојба. Секое посериозно реновирање бидејќи се прави ретко и чини многу пари треба да се искористи да се подобри и решението. Овие...

12 July, 2018

Во Скопје не си безбеден ни на тротоар... Стоп за пребрзото возење!

Вчера (11.07) на крстосницата меѓу бул. Климент Охридски и бул. Партизански одреди додека чекал на пешачки остров (!!!) е прегазен пешак од возач кој управувал возило со преголема брзина. Се надеваме дека повредениот ќе биде добро. За овој случај најпрво дознавме од постот на новинарката Сашка Цветковска, а според најновите информации повредениот пешак се бори за живот. Ова не е првпат да настрада пешак кој не ни згазнал на коловоз. Во 2015-та на истиот булевар една крстосница позападно, велосипедист настрада од возач на Ауди на пешачко острово (линк). Во Скопје станува пракса да се настрадува и на тротоар и надлежните мора да го вклучат...