Showing posts with label Градски Паркинг. Show all posts
Showing posts with label Градски Паркинг. Show all posts

07 May, 2014

Предлог до ЈП Градски Паркинг за нови локации за рент-станици и држачи-паркинзи за велосипеди

Со цел подобро да се запознаеме со јавниот систем за изнајмување на велосипеди и да ги пренесеме нашите согледувања во врска со него, упативме барање за состанок до ЈП Градски Паркинг во чија надлежност е системот. Средбата се одржа на 23-ти април 2014 г. во просториите на ЈП Градски Паркинг.  Беа присутни претставници од НаТочак, Град Скопје и ЈП Градски Паркинг.  На средбата ги претставивме нашите сознанија и искуства во врска со системот за изнајмување велосипеди. Како предност ги истакнавме: достапната цена и релативно лесната процедура, а како најголем недостаток: нередовното одржување и малиот број на станици, односно бавниот развој на системот кој функционира од 2009-та година.  Исто така, беше спомната можноста за воведувањето...