Бел точак за спомен е поставен на влезот од Градски парк за да не' потсетува на Давид кој во близина невино загина во сообраќај пред 2 месеци.
Бели точаци (white cycle или ghost bikes) се ставаат насекаде по светот во близина на места каде велосипедист бил убиен во сообраќај во спомен и чест на загинатиот, но и како потсетник за возачите кои минуваат покрај него дека и велосипедистите се рамноправен дел од сообраќајот и дека мора да внимаваат на нив и да им отстапуваат дел од патот, да ги пропуштаат на премин, да ги почитуваат, да им го заштитат животот.Истовремено, тие се потсетник и за властите да ги преиспитаат политиките во однос на планирањето...