Првата Критична маса во целосен мрак помина одлично! Над 70 точаци од стартот на плоштад Македонија, преку Саем, ПМФ, Автокоманда, Ново Лисиче до паркот со авионот во Аеродром.
Бевме бучни! Ѕвончиња, вувузели и сирени...Минувачите реагираа. Некои возачи нè поздравуваа со свирење во ист ритам со вувузелите.
Бевме видливи! Бели светла напред, црвени позади, рефлектирачки површини на облеката.
Бевме умни! :-) Во една коловозна лента, одговорни за себе и за групата.
Почнуваме да се собираме
Моменти пред тргнување
Мал договор пред тргнување
Кај кружните текови близу Саем
Грабиме напред и уживаме
За тие на кои им беше...