24 July, 2016

Критична маса #51: Одвози и уживај!

Датум: среда, 27.07.2016Почеток: 19:00, Паркот на Езерата во АеродромКрај: Пикник во парк шума Гази Баба ---------------------------------------------------------------------Facebook настан: линк постер: линк Рута: линк  Постерот за КМ51 Скопско лето, тешко дишеш и возиш по жешкиот асфалт... Се мешаат бои, контури и мириси... Менуваш правец и бегаш некаде! Сам со себе, сам со точакот, па има ли поубаво? Одвози на викенд, одвози на Матка, на Водно после работа, одвози до парк, покрај Вардар… А со следната Критична Маса да одвозиме заедно на пикник во Парк Шума Гази Баба! Го славиме возењето точак како безболен...

21 July, 2016

Втор допис (20.07.2016): Ревизија на Рута 1 од проектот ”Скопје Велоград 2017”

Сакаме да ве известиме дека НаТочак испрати втора тура коментари за недоследности и предлози по повод изведбата на Рута 1 која се протега од Карпош, Центар до Гази баба од проектот “Скопје Велоград 2017“ со цел нејзино квалитетно комплетирање. Во дописот истакнавме 4 клучни точки кои треба да се следат во текот на изведбата на самата рута а и понатаму да се применат на останатите рути. После првиот допис кој беше испратен забележани беа промени на патеката, но нажалост не беа аплицирани на сите места. Покрај 4-те точки кои сметаме дека се од клучно значење за квалитетот на секоја велосипедска рута, пративме забелешки за конкретни проблеми на...

07 July, 2016

Пријава на инфраструктурен проблем - понизок и пропаднат асфалт на велосипедска патека - бул. Илинден

НаТочак испрати пријава до Координативното тело за урбан велосипедизам при Град Скопје во врска со воочен проблем на Рута 1 од проектот “Скопје Велоград 2017“ - понизок и пропаднат асфалт. Се надеваме проблемот навремено ќе се санира со цел да се заштити патеката од натамошно оштетување. Исто така се надеваме дека овој апел ќе влијае да се пристапи со поголемо внимание при изведбата на останатите рути од проектот. Документот кој е испратен до Координативното тело е достапен на линкот, а текстот од пријавата заедно со фотографиите ги има и во продолжение. -----------------------------------   До: Град Скопје Координативно...

Pages 111234 »