23 May, 2017

ВЕЛО - матинé во МКЦ

Facebook - настан: линкМКЦ нé кани на ВЕЛО - матинé во сабота (а НаТочак се придружува): --------------------Сабота, 12:00. За некои е рано утро... се расонуваат од заглавување на свирка претходната вечер... За некои е речиси ручек време, веќе се вратиле од рекреативното возењето со точак... Но за сите љубители на точакот како превоз, на музиката и на велосипедските авантури, оваа сабота во 12:00 ќе биде ВЕЛО – МАТИНЕ. Ќе уживаме на терасата пред МКЦ во музичкиот перформанс од рокенрол легендата Сецко, малку невообичаен за него, оставаме да нé изненади. Ќе слушнеме за битките со дождот и самиот себе на Сергеј при неговото патување со лежипед...

20 May, 2017

Критична маса #61: Скопје, стани за 5-ка!

Датум: среда, 31.05.2017 Почеток: 17:30 ч, Плоштад Македонија Крај на КМ / почеток на роденденска забава: 19:00, Школка, Градски Парк --------------------------------------------------------------------Facebook настан: линк Рута: линк Промотивни материјали: линк --------------------------------------------------------------------- Музика: DJ Shurbe, DJ Slave, Dj GoceВелоизложба (повик) --------------------------------------------------------------------- Постерот за КМ 61 5 години ги шараме улиците заедно преку велосипедските возења наречени Критична маса. Илјадници граѓани се појавија, некои еднаш, некои повеќепати, некои...

Промотивни материјали КМ #61: Скопје, стани за 5-ка!

[дизајн: Тхе Мичо] Промотивните материјали од овој блог-пост може слободно да се споделуваат, печатат, да се лепат на соодветни локации во градот, да се користат во рамки на објави за настанот или како линкови. Однапред ви благодариме на сите за помагањето да се прошири информацијата за Критична маса #61 и за 5-тиот роденден, а на Михајло Димитриевски, Тхе Мичо, му благодариме за илустрирањето на змејчето кое стана за 5-ка :) Станете и вие! МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ Постер, верзија за печатење: линк (.psd) Постер, верзија за печатење: линк (.pdf) МАТЕРИЈАЛИ ЗА ВЕБ Постер, верзија за веб: Facebook cover: Facebook...

Pages 111234 »