25 February, 2018

Инфографик од анкетата: Украдени точаци 2018

Благодарност до сите точакољупци кои одговорија на анкетата за украдени точаци.Во периодот од 19-ти до 23-февруари на онлајн анкета одговорија дури 2006 испитаници. Браво! Некои од поинтересните резултати од примарната анализа ги издвоивме во инфографикот на линкот или во продолжение под текстот.Дополнително, ќе направиме подетални анализи и целосниот извештај ќе го објавиме наскоро, ова е само најава.  П.С. Не заборавајте на Критична маса #70 “Имаш сериозна врска?“ која е посветена токму на оваа тема. Се гледаме во среда на 28-ми февруари.  ...

Промотивни материјали за КМ #70: Имаш сериозна врска?

[дизајн: Александра Филипоска - Fitz] Промотивните материјали од овој блог-пост може слободно да се споделуваат, печатат, да се лепат на соодветни локации во градот, да се користат во рамки на објави за настанот или како линкови. Однапред ви благодариме на сите за помагањето да се прошири информацијата за Критична маса #70, која ја посветуваме на подигнување на свеста за проблемот со украдените точаци, а ја користиме и како уште еден потсетник да внимаваме каде и како го паркираме нашиот превоз! На Александра ѝ благодариме што ни направи прекрасен топол дизајн за последниот зимски месец кој ја рефлектира љубовта и грижата кон нашиот...

Критична маса #70: „Имаш сериозна врска?“

Датум: среда, 28.02.2018 Почеток: 17:30, Плоштад МакедонијаКрај: Депо на МВР -------------------------------------------------------------------- Facebook настан: линк Рута: линк Промотивни материјали:  линк Инфографик од анкета за украдени точаци: линк  -------------------------------------------------------------------- постерот за КМ 70 Што претставува за тебе точакот? Можеби за некои е заменливо парче метал и две гуми. Но за поголемиот дел од нас точакот е нешто повеќе од бездушен предмет. За некои од нас тој е сеќавање на нашето детство. За други тој е добро друштво за...

19 February, 2018

Анкета за украдени точаци

Во пресрет на Критична маса #70 која ќе биде посветена на проблемот со безбедноста на велосипедите, НаТочак подготви анкета која има цел да собере информации од велосипедската заедница за отсликување на моменталната ситуација и ставовите на луѓето во врска со украдените точаци. Без разлика дали некогаш ти бил украден точакот или не, оваа анкета е за тебе! Нема да ти одземе повеќе од 5 минути, а одговорите нам ни се многу значајни. Анкетата може да ја одговориш тука, а потоа можеш да ја споделиш и со твоите пријатели, бидејќи секој одговор е важен. Благодариме! ...

07 February, 2018

Winter bike to work day - Skopje #4

Датум: петок, 9.02.2018 Почеток: 0:00 Крај: 23:59 Место: Цело Скопје, цел свет! -------------------------------------------------------------------- Facebook настан: линк Интернационален сајт: линкМапа на локали кои имаат поволности за посетителите на точак: линк --------------------------------------------------------------------- И оваа година се придружуваме на интернационалниот Winter Bike to Work Day. Запомнете го денот - 9ти февруари.  Дотогаш имате доволно време да ги извадите велосипедите од гаража, да ја избришете прашината, да ги напумпате гумите и да ги ставите во погон многу порано отколку обично....

Pages 111234 »