28 April, 2018

Вело-инспекција на бул. Христијан Тодоровски - Карпош

Во недела, 29.април 2018 година ќе правиме мини-акција на ново-промовираното проширување на ул.Христијан Тодоровски Карпош. Според она што го видовме на објавите од Град Скопје и медиумите, убедени сме дека не се задоволени елементарни услови за пешачење и возење точак.  Лево: Слалом за пешаци, нема патека за точаци. Средина: писти за автомобили Се сеќавате на ова видео?  На него во 2012-та година прикажавме како е да се движи човек на точак или пешки на таканаречените (тогаш новопроширени) булевари: Илинден, Климент Охридски, Теодосиј Гологанов...Дефиницијата за булевар опфаќа соодветно решение и за пешачки и велосипедски...

23 April, 2018

Предлози за измена на планерската и градителската легислатива

НаТочак - Скопје заедно со Битола НаТочак, Прилеп НаТочак, Гостивар НаТочак и Штип НаТочак презедоа низа на активности поврзани со подготвување и поднесување на официјални предлози за промена на Закони и подзаконски акти со кои сметаме дека значително ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот и ќе се подобри квалитетот на живот во градовите и општо, населените места. Нашиот прв чекор е промена на делови од Законот за просторно и урбанистичко планирање и Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање. Нашите досегашни предлози ги испративме до Комората на инженери и архитекти нa 30-ти март после нивниот повик до членовите...

22 April, 2018

Критична маса #72: Подобри закони за поубави градови - поддршка за промените-

Датум: среда, 25.04.2018 Почеток: 17:30, Плоштад Македонија Крај: Школка, Градски Парк -------------------------------------------------------------------- Facebook настан: Скопје, Прилеп, Битола, Штип, Гостивар Рута: линк Промотивни материјали: линк Предлози за измена на легислативата: линк -------------------------------------------------------------------- постер за КМ #72 Дали некогаш сте се запрашале зошто во градот се проектираат улици чија широчина на ленти е наменета за движење на возила со брзина од 90 km/h кога максимално дозволена брзина во населено место...

Промотивни материјали за КМ #72

[дизајн: Преплет] Промотивните материјали од овој блог-пост може слободно да се споделуваат, печатат, да се лепат на соодветни локации во градот, да се користат во рамки на објави за настанот или како линкови. Однапред ви благодариме на сите за помагањето да се прошири информацијата за Критична маса #72, со која ставаме фокус на потребата од промена на легислативата од градењето и урбанизмот и нејзината моќ да влијае на безбедноста во сообраќајот, комоцијата на движењето, убавината на градот. На Преплет им благодариме што ни направија дизајн за априлската Критична маса и ни ја илустрираа потребата од натежнување на вагата...

Pages 111234 »