29 August, 2018

Барање до општините за одбележување на Car Free Day

НаТочак испрати барање до Град Скопје, општините Центар, Карпош, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Гази Баба, Чаир, Сарај и Аеродром за активно вклучување во одбележување на Светскиот ден без автомобили на 22 септември. Покрај затворање за автомобили на по една улица во секоја општина, НаТочак предлага и организирање и спроведување на програма на затворените улици во текот на денот. Се надеваме дека тоа ќе овозможи граѓаните да размислат и за друг начин на транспорт освен со нивните автомобили и дека тоа ќе биде прв чекор во менување на транспортните навики. Целосниот допис е во продолжение. ...

27 August, 2018

Критична маса #76: Од Ден без автомобили, до град за луѓе.

Датум: среда, 29.08.2018Почеток: 17:30, Плоштад МакедонијаКрај: 19:00, Социјален велосипедски центар Педала--------------------------------------------------------------------Facebook настан: линк Рута: линк Промотивни материјали: линк -------------------------------------------------------------------- постерот за КМ #76 Замислете улици без врева од автомобили, замислете град со повеќе простор во него, без самиот тој да се шири, замислете улици кои поврзуваат луѓе, а не само пренесуваат… На еден ден, оставете го автомобилот на паркингот и движете се низ градот пеш, со велосипед, автобус и доживејте го јавниот простор...

Промотивни материјали за КМ#76: Од Ден без автомобили, до град за луѓе

Промотивните материјали од овој блог-пост може слободно да се споделуваат, печатат, да се лепат на соодветни локации во градот, да се користат во рамки на објави за настанот или како линкови. Однапред ви благодариме на сите за помагањето да се прошири информацијата за Критична маса #76. Голема благодарност до дизајнерот на овој специфичен постер кој е македонски илустратор. Да побараме заедно одржување на вистински Ден без автомобили, во септември, заедно со други европски и светски градови! Од ден без автомобили, до град за луѓе! МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ Постер, верзија за печатење: линк (.pdf) МАТЕРИЈАЛИ...

Pages 111234 »