31 July, 2020

Анкетен лист за ДУП Градска четврт Ц01 Мал Ринг

За ДУП Градска четврт Ц01 Мал Ринг кој се наоѓа на јавна анкета до 31.07.2020, Општина Центар ја има објавено целата документација на линкот.Синтезен приказ на планот може да се погледне во документацијата на линкот или на следната слика:НаТочак денес испрати свое мислење и сугестии преку анкетен лист.Содржината е во продолжение како текст и како pdf на линкот.ЗАБЕЛЕШКА:Почитувани,Пред се, голем поздрав за тоа што ја објавувате целата документација за плановите итранспарентно известувате. Тоа е реткост меѓу општините, па дури и кај Град Скопје.Со тоа овозможувате различни страни, физички и правни лица, формални и неформални граѓански здруженија...

14 July, 2020

Држачи за велосипеди на новите автобуси

На 10-ти јули првично и на 14-ти јули како потсетување, НаТочак испрати e-mail до Координативното тело за велосипедски сообраќај на Град Скопје со прашање поврзано со новите автобуси, поточно поставувањето на држачи за велосипеди на некои од нив.Ова прашање го дискутираме со надлежните од Град Скопје и ЈСП уште од 2016-та година на состаноци и по електронски пат (првиот состанок со ЈСП беше во 2016-та, а извештај е достапен на линкот) за конечно во 2019-та година, Советот на Град Скопје да усвои План за унапредување на велосипедскиот сообраќај на Град Скопје 2019-2021 (достапен на линкот) каде стои дека до 2020-та ќе биде достапна оваа можност.Пораката...

13 July, 2020

Сите ветуваат улици и патишта - но какви?

Ја завршивме 4.5 - месечната кампања поттикната од парламентарните избори 2020 година. Кампањата со презентација на овие барања од албумот, но и многу повеќе (референци, примери, статистики...) ја започнавме на крајот на февруари, а партиите ги искомунициравме во средината на март.Од тогаш поминаа 4 месеци што е повеќе од доволно време за да ги прочитаат, прифатат, преработат барањата. Се надеваме дека повеќето тоа го направиле, зашто тоа е минимумот кој треба да се направи во полето на велосипедскиот сообраќај и сродните полиња на државно ниво, за да може да има промени и на локално ниво. Затоа и ги нарековме црвени линии, бидејќи...

Pages 111234 »