18 March, 2026

Барање информации за донесувањето на Правилникот за велосипедска инфраструктура

На 19.02.2026 испративме барање за информации во врска со донесувањето на Правилникот за велосипедска инфраструктура до Министерот за транспорт, а на 10.03.2026 година и потсетување.
Бидејќи 
сè уште немаме одговор, дописите ги објавуваме и јавно, во продолжение. 

------------------------------------------------------

Feb 19, 2026

Почитуван министер, г. Николоски,

Во октомври 2024-та година до Министерството за транспорт од страна на Здружение за одржлив развој и заштита на животната средина Гоу Грин Скопје беше поднесен Предлог - Правилник за планирање, проектирање, изградба и одржување на велосипедска инфраструктура

Историјатот на заложбите за ваков правилник е многу долг и започнува од првите варијанти изработени од Координативното тело за велосипедски сообраќај на Град Скопје во соработка со НаТочак во 2016-та година, за жал без донесен Правилник во тој момент.

Овојпат, Гоу Грин ангажирајќи стручни лица од повеќе области и консултирајќи главно балкански, но и европски правилници, како и локалната легислатива, изготви надградена верзија на предлогот и во поглед на содржина, и во поглед на квалитет.
Во рамките на една календарска година од поднесувањето таа верзија беше дополнително доразработена во соработка со членови на НаТочак и вработени во Министерството за транспорт.
Се створија и законски услови со измената на Законот за јавни патишта (135/2025 од 7.2025 година) Министерството да донесе еден ваков правилник. 


Но од есента 2025-та година кога беше и Конференцијата „Мобилност за секого“ немаме никакви новости.

На таа конференција и на претходно остварената средба со нас, како и на Вашите изјави во медиумите, јасен беше Вашиот ентузијазам и поддршка за што поскоро донесување на еден ваков документ кој ќе гарантира почитување на стандарди при планирање и проектирање на велосипедска инфраструктура.

Затоа се надеваме дека што поскоро овој Правилник ќе го види светлото на денот и ќе влезе во примена. 

Бидејќи содржината е веќе прилично усогласена меѓу стручните лица од министерството, нас како активисти и стручните лица кои ги имаше ангажирано Гоу Грин, сметаме дека поскорото донесување ќе значи подобри шанси за сите планови и проекти кои се работат во моментов и во скора иднина. 

Би сакале да потсетиме дека Македонија заедно со Албанија и Косово е во последните држави во Европа кои немаат ваква регулатива.

А доколку овој Правилник се донесе, би бил во најдобрите на Балканот. 
Од едната до другата крајност нè двои Вашето потпишување.


Според последните неофицијални информации кои ги имаме од есента 2025-та година, за Правилникот се немаат произнесено уште од Законодавно-правната комисија. Дали може да ни потврдите дека тоа е фазата во која се наоѓа?

Сметаме дека помина доволно време и би било штета Правилник кој е од јавен интерес да остане заглавен „по фиоки“.

Се надеваме дека доколку доцнењето се должи на неприоритизација, тоа ќе го промените со Вашето влијание.

Доколку постојат несогласувања со други правилници, можеби треба да се работи и на нивна измена, бидејќи содржината на овој Правилник кореспондира со сегашниот миг и целите за кои сите се залагаме: поодржлива, побезбедна и поквалитетна иднина за нашите места на живеење, работа и рекреација.

Не може истовремено да имаме и напредок, и статус кво.
Ние остануваме отворени за соработка.


--

НаТочак
неформално здружение за урбан велосипедизам
 
За подобро вело - Скопје

blog: natochak.blogspot.com
FB: facebook.com/NaTochak
TW twitter.com/NaTochak


------------------------------------------------------


Mar 10, 2026

Почитувани,


Минатиот месец ви пративме мејл во кој ја посочуваме моменталната состојба во која е заглавено донесувањето на Правилникот за планирање, проектирање, изградба и одржување на велосипедската инфраструктура. Мејлот ви го препраќаме (подолу).

Се надеваме дека имавте можност да го прочитате, дека би сакале да ја искористите Вашата политичка моќ да помогнете да се одглави од моменталната состојба и да се приоретизира неговото донесување.

Во случај да има начин НаТочак да помогне тоа да се случи побрзо, Ви стоиме на располагање.

Со почит,

--
НаТочак
неформално здружение за урбан велосипедизам
 
За подобро вело - Скопје

blog: natochak.blogspot.com
FB: facebook.com/NaTochak
TW twitter.com/NaTochak


0 comments:

Post a Comment