Јануарската Критична маса - Скопје на точак, деветта по ред, ја посветивме на скопскиот загаден воздух, особено забележлив во зима. Темата на ова возење беше „Избори се за воздух!“.
Преку повикот за КМ#9 истакнавме зошто загадувањето во Скопје не смее да се игнорира. Како едно од комплексот решенија го понудивме велосипедот, еколошко превозно средство кое не загадува. Покрај крупните чекори кои еден град треба да ги направи за да стане похумано место за живеење, значајни се и малите, кои ги правиме сите ние со секојдневниот избор на начин на движење низ градот, меѓу другото.
Секојдневно чадите или возите точак? :)
Патеката...