29 March, 2014

До Гостивар и назад #НаТочак! + Да ја поддржиме Гостиварската Критична маса

Facebook настан: линк. --------------------Гостивар ја продолжува Критичната маса по мала пауза. Да ја поддржиме! Група точакољупци од Скопје сакаат да им дадат поддршка на гостиварчани, но и да си извозат на точак од Скопје преку Тетово до Гостивар.  Друга група ќе оди со воз, а ќе се враќа со возење на точаците заедно со првата група. Добредојдени се сите од Скопје и Тетово, но и од местата покрај кои ќе поминеме да се приклучат! Потребен и доволен услов да дојдете е да имате исправен точак и да сакате да поминете исполнет ден во природа, покрај села и по градови. :) Понесете си вода, малку храна за енергија и повеќе слоеви облека и за потопли и за поладни временски услови.  За возење на отворен пат, препорачливо е да имате и заштитни кациги. Проверете си ја исправноста...

24 March, 2014

Критична маса #23: Точак за сите генерации!

Датум: 26.03.2014, среда Тргнување: 17:30, Плоштад МакедонијаКрај (подигнување на точаците): ТЦ Лептокарија --------------------------------------------------------------Промотивни материјали: линк.Facebook настан: линк.Рута: линк. Интервју со повозрасни граѓани на точак: линк. ------------------------------------------------------------------- постерот за КМ #23 Сведоци сме дека на скопските улици независно од сезоната и временските услови, повозрасните граѓани постојано се превезуваат НаТочак. Сигурно сте налетале на некој повозрасен херој НаТочак натоварен со некој олук, ќумец, скала, вреќа компири, снопови...

20 March, 2014

Промотивни материјали - #КМ23

[дизајн: Дани Јанев] Промотивните материјали од овој блог- пост може слободно да се споделуваат, печатат, да се лепат на соодветни локации во градот, да се користат во рамки на објави за настанот или како линкови.  Однапред ви благодариме на сите за помагањето да се прошири информацијата за Критична маса #23. А на Дани му благодариме за прецизниот дизајн и сработувањето на овие материјали како придонес за Критичната маса во Скопје. МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ постери и флаери Постер (А3, во боја) верзија за печатење: линк. Флаер (А5, црно-бело) верзија за печатење: линк. постер, верзија за веб флаер, предна страна, верзија...

10 March, 2014

Пријава на инфраструктурен проблем: пречка на велосипедска патека, 10.03.2014

Во врска со инфраструктурниот проблем појавен на велосипедската патека на бул. Теодосиј Гологанов, НаТочак достави допис до Град Скопје. Print-screen од пријавата е објавен на Facebook и на Twitter профилите на НаТочак. ------------------------------------------------  ПРИЈАВА Почитувани, На ден 10.04.2014 год. пријавуваме пречки бетонирани во велосипедските патеки кои се наоѓаат на двете страни долж бул. Метрополит Теодосиј Гологанов кај пешачкиот кај Млечен ресторан. Слики во прилог. Ве молиме за најитно решавање на овој проблем како што би се овозможило непречено сообраќање, во најкус можен временски рок. Со почит, Неформална...

Pages 111234 »