23 February, 2015

Критична маса #34 „Човек на точак, не точак на човек!“

Датум: Среда, 25.02.2015Почеток: 17:30, Плоштад Македонија Крај: Сквер Јадран ---------------------------------------------------------------------Facebook настан: линк Промотивни материјали: линкРута: линк ---------------------------------------------------------------------   Facebook cover за КМ 34   Високи рабници на кои при искачување се напнуваш да го поткренеш тркалото, а при симнување си треснуваш; непрописно паркирани возила и нелогично поставени автобуски постојки поради кои мораш да се спушташ на коловоз сред опасни брзаци; лошо поставени знаци, билборди и светилки поради кои...

17 February, 2015

Пријава на инфраструктурен проблем - Поставување на билборди на велосипедски патеки

Од јануари 2015 год, активисти на групата НаТочак забележаа масовно поставување на нови билборди на неколку локации низ градот Скопје, позиционирани на дел од велосипедските патеки.  Со дописот во прилог реагираме на оваа појава која го води градот чекор назад во неговите заложби да прерасне во велосипедски град. Секоја пречка на велосипедските патеки го стеснува и онака малиот и нестандарден простор за непречено движење со велосипед.    Проблемот се појавува и кога пречката (во случајов билборд) е поставена на пешачка патека, бидејќи проблемот се прелева, пешаците избегнувајќи ја истата, се движат по велосипедската патека...

12 February, 2015

Bike kitchen / Вело - кујна (13.02.2015)

Facebook настан: линк.Како надоврзување на Winter Bike to Work Day - акцијата, во недела ќе има зимска работилница во стилот на Bike Kitchen, баш Вело - кујна :) Во недела, 15.февруари, од 12:00 до 15:00, дојдете во АКСЦ, да си споделиме совети и DIY идеи за возење точак во зима, оние кои знаат - да демонстрираат основни поправки на точакот, оние кои не знаат - да научат. Ќе има и топла супа, да се згрееме ;) Сергеј (Лежипед) ќе ни објасни за штитниците за раце кои сам си ги има направено за точакот од пластични шишиња, некој од НаТочак ќе објасни за DIY гумата со штрафчиња за на мраз, ќе научиме да лепиме и менуваме гума и затегнуваме...

07 February, 2015

Winter Bike to Work Day - Skopje

Winter Bike to Work Day (оваа година е во петок, 13-ти февруари) е годишен настан кој го слави превезувањето со точак во зима. Започнал во Канада ред 3 години, а годинава се одбележува во повеќе десетици градови во светот. За првпат го одбележуваме и во Скопје (Facebook настан на линкот). Што треба да направиме? Треба само да се обврземе дека ќе се превезуваме на точак на 13-ти февруари до работа, до школо, до факултет, каде и да одиме; без оглед дали возиме или не возиме точак во зима, без оглед какви ќе бидат временските услови тој ден. Само на еден ден. Ајде да пробаме! :) Замислете свеж зимски ден со многу луѓе...

Pages 111234 »