28 May, 2015

Еден ден и Скопје ќе биде вело-град!

  фото: Никола Спасеноски Пораката со која ја завршивме Критична маса #37 одбележувајќи 3 години заедничко делување за промена. ----------------------------------------------------------- Еден ден и Скопје ќе биде вело-град. Ќе може да стигнеш од запад до исток, од север до Водно по супер брзи велосипедски магистрали со зелен бран за точаци. Кејот ќе биде повторно непрекинат и вграден во мрежата. Голем процент од луѓето задоволни ќе избираат точак зашто е најбрзо, најздраво, најлесно, зашто нема пречки. Децата повторно ќе одат на училиште со точак или пешки. Еден ден и Скопје ќе дише. Еден ден ќе имаме повеќе...

26 May, 2015

Промотивни материјали КМ #37: 3 години борба за Скопје вело-град!

[дизајн: Ласко Џуровски] Промотивните материјали од овој блог-пост може слободно да се споделуваат, печатат, да се лепат на соодветни локации во градот, да се користат во рамки на објави за настанот или како линкови. Однапред ви благодариме на сите за помагањето да се прошири информацијата за  Критична маса #37. Огромна благодарност до Ласко Џуровски за дизајнот. МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ постери и флаери  -Постер (А3, во боја) верзија за печатење: линк (pdf) -Флаер (4 на А4) верзија за печатење: предна и задна страна, црно-бело: линк (pdf) МАТЕРИЈАЛИ ЗА ВЕБ постер флаер банери 300x250 500x500 980x100   990x80 twitter...

22 May, 2015

Критична маса #37: 3 години борба за Скопје вело-град

Датум: Среда, 27.07.2015Почеток: 17:30, паркингот пред Зоолошка Крај: Роденденски пикник ---------------------------------------------------------------------Facebook настан: линк Промотивни материјали: линкРута: Роденденска ---------------------------------------------------------------------  Постер за КМ #37 Пред точно три години ја започнавме авантурата наречена „Критична маса“. Оттаму произлезе и неформалното здружение НаТочак. Во него влеговме со искрени намери и огромни амбиции. Сонувавме големо. Сакавме да го смениме градот. Посакувавме да видиме повеќе луѓе кои ќе користат велосипед низ улиците...

Pages 111234 »