Датум: Среда, 27.07.2015
Почеток: 17:30, паркингот пред Зоолошка
Крај: Роденденски пикник
Почеток: 17:30, паркингот пред Зоолошка
Крај: Роденденски пикник
---------------------------------------------------------------------
Facebook настан: линк
Промотивни материјали: линк
Рута: Роденденска

Пред точно три години ја започнавме
авантурата наречена „Критична маса“. Оттаму произлезе и неформалното
здружение НаТочак. Во него влеговме со искрени намери и огромни амбиции.
Сонувавме големо. Сакавме да го смениме градот. Посакувавме да видиме
повеќе луѓе кои ќе користат велосипед низ улиците на Скопје. Се боревме
да ги подобриме условите за возење.
Но сѐ започна со таа Критична маса, една среда во мај, пред три години. Не бевме сигурни како на сето тоа ќе реагираат нашите сограѓани. Ќе има ли одзив? Каква ќе биде поддршката? Ќе имаме ли истомисленици?
Реакцијата на Скопјани беше одлична. На првата Критична маса се појавија стотици луѓе. По ова движењето продолжи да се развива и шири. Наредниот месец следеше нова Критична маса а по неа уште една и уште една...
Се обидувавме да го кренеме нивото на вело-култура во нашата средина. Организиравме десетици акции со кои реагиравме на многубројните проблеми од оваа област. Многу често наидувавме на пречки во институциите. Се изнаслушавме фрази од типот “може”, „ќе биде“, “ќе видиме“, „тешко тоа“, „невозможно“ и сл. Но во ниеден момент не се откажавме. Крутоста и затвореноста на надлежните ги сфативме како предизвик за понатамошна борба. Продолживме со постојан притисок кон институциите. И ќе продолжиме!
3 години вртиме за промена, 3 години посочуваме и 3 години сме на важи.
Но еден ден и Скопје ќе биде вело-град. Тоа е историска неизбежност.
И на сите ќе ни криво зошто не сме почнале порано со промената.
Наше е да возиме, на одговорните е да бидат одговорни кон иднината на градот.
Гледаме дека низ Скопје има сѐ повеќе луѓе кои се на точак. Но нашата борба ни одблизу не е завршена. Треба уште многу да се работи за да дојдеме до ниво кое ќе биде прифатливо за сите. Ќе ја бараме инфраструктурата која ја заслужуваме! Проблеми има уште многу и затоа продолжуваме понатаму. Веќе нема враќање назад. Решени сме Скопје да го направиме вело град! Не чека уште многу работа. Но, најмногу од било кога ни е потребна е и твојата поддршка.
Дојди со нас да прославиме 3 години вртење за промена.
3 години критична маса за Скопје велосипедски град!
Скопје не може да биде веле-град без најпрво да стане вело-град. Затоа продолжуваме понатаму. Среќен 3-ти роденден Скопје НаТочак!
Facebook настан: линк
Промотивни материјали: линк
Рута: Роденденска
---------------------------------------------------------------------
Постер за КМ #37 |

--------------------------------------------------------------
Потребна ни е и твојата поддршка. Придружи ни се за да ги промениме работите заедно. Приклучи се во НаТочак да помогнеш да извршиме притисок врз надлежните.
Се гледаме во среда 27-ми мај со почеток од 17:30 часот на паркингот пред Зоолошка.
Ѕрн ѕрн!
*** Секој учесник вози на своја одговорност.
--------------------------------------------------------------
Критична маса е неформален велосипедски собир кој се случува во над 300 градови во светот.
Нема лидери, нема формална организација, само група на свесни луѓе кои сакаат подобар вело-град.
Од мај 2012-та се случува еднаш месечно и во нашето Скопје!
Возиме секоја последна среда во месецот по различна рута и со различна тема.

Критична маса во Скопје е самоодржлив, саморегулиран и самофинансиран месечен собир на урбаните велосипедисти кој зависи од придонесот на секој учесник, пред сѐ од неговото појавување на собирот и покажување бројност („Нѐ има, земете нѐ предвид“), од активната грижа настанот да помине во најдобар ред, а потоа и од донациите за промотивните материјали, волонтерскиот придонес во: осмислувањето на настанот, неговата промоција и се разбира во креативната страна на возењата. До овој момент, скопјани 36 пати возеа масовно по скопските улици, на 36 различни теми поврзани со урбаниот велосипедизам.
Да ги освоиме по 37-ти пат улиците со нашите точаци, активно, ангажирано, свесно, заедно, со полни срца! Приклучи се! Ангажирај се! Може да нé има повеќе! И Скопје може да стане подобар град!
--------------------------------------------------------------
Да ги освоиме по 37-ти пат улиците со нашите точаци, активно, ангажирано, свесно, заедно, со полни срца! Приклучи се! Ангажирај се! Може да нé има повеќе! И Скопје може да стане подобар град!
--------------------------------------------------------------
0 comments:
Post a Comment