25 December, 2018

Промотивни материјали за КМ #80: Се гледаме во 2019-та!

[дизајн: Aна Здравкова] Промотивните материјали од овој блог-пост може слободно да се споделуваат, печатат, да се лепат на соодветни локации во градот, да се користат во рамки на објави за настанот или како линкови. Однапред ви благодариме на сите за помагањето да се прошири информацијата за Критична маса #80. Голема благодарност до Ана Здравкова за дизајнот со кој затвораме еден стрип серијал, но кој има намера да има поинакви продолженија. Се гледаме во 2019-та! МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ Постер, верзија за печатење: линк (.pdf) МАТЕРИЈАЛИ...

24 December, 2018

Критична маса #80: Се гледаме во 2019-та!

Датум: среда, 26.12.2018 Почеток: 17:30, Плоштад Македонија Крај: дружење во Социјален Центар Дуња --------------------------------------------------------------------Facebook настан: линк Рута: линк Промотивни материјали: линк -------------------------------------------------------------------- „Се гледаме во 2019-та“, со нови желби, нови предизвици, со повеќе луѓе на точак на улиците! Постерот за КМ #80 Изминатите, безмалку 12 месеци, НаТочак освен што иницираше и организациски поддржа 11 критични маси и 12-та во најава, во април предложи измени на закони и правилници за урбанистичко планирање, ги координираше и промовираше Winter...

21 December, 2018

Барања во врска со прекопите на велосипедските (и пешачките) патеки

Периодов со новиот буџет на Град Скопје се најави ново поголемо од претходно (сè уште недоволно) вложување во велосипедска инфраструктура и тоа е некаква позитивна тенденција. Но да се креира град пријателски за велосипедисти, не значи само да се замислуваат и градат нови патеки. Тоа значи и грижа за нивно одржување, тоа значи и грижа за тоа како ќе се движат граѓаните на точак во екот на градежни работи. Животот тогаш не престанува! И не смее да престане ни движењето на точак. А граѓаните треба да можат да се ослонат на својот град, дека ќе се грижи за нивното движење, без оглед што се случува. Особено кога се движат без метален оклоп,...

18 December, 2018

Мислење во врска со Буџетот на Град Скопје за 2019

На 17.12.2018 (понеделник) во очи Седницата на Советот на Град Скопје каде беше предвидено да се дискутира Буџетот на Градот за 2019-та година, НаТочак испрати мислење во врска со буџетот.  Мислењето повеќе ги повторува работите веќе дискутирани во повеќе наврати во рамки на Координативното тело за велосипедски сообраќај и е повеќе квалитативен осврт, отколку што дава некаква квантитативна анализа на сумите предвидени во Буџетот.  Нацрт-буџетот не беше јавно објавен и ни беше даден на увид од страна на советник. Времето кое го имавме за разгледување беше многу кратко за да правиме подлабински анализи.  Сепак сакавме да ја искористиме оваа прилика за да потсетиме на заложбите кои ги изразуваме во рамки на Координативното тело, и да побараме да се интервенира доколку нешто...

Pages 111234 »