
Сакаме дрвја покрај и над пешачките и велосипедските патеки (Критична маса #74: Дрвјата се наша клима ја посветуваме на нив), но за да гледаме само корист од нив, а не штета, во урбана средина, тие мора да се одржуваат.За да не бидат практична и безбедносна пречка ниско спуштените гранки и раширените грмушки, реагиравме повеќе пати до надлежните служби од Паркови и зеленило и Град Скопје, со пораки и повици, а овојпат и со официјален допис.
Дописот како текст го има во продолжение, а како документ е достапен на следниот линк.Споделуваме и видео како изгледа да се вози точак по една од споменатите патеки, на бул. Партизански одреди.
--------------------------------
Почитувани...