Датум: среда, 24.06.2015
Почеток: 19:00 (летно сметање на КМ), Парк на Франкофонијата
Крај: пред Кинотека
Почеток: 19:00 (летно сметање на КМ), Парк на Франкофонијата
Крај: пред Кинотека
---------------------------------------------------------------------
Facebook настан: линк
Промотивни материјали: линк
Рута: линк
---------------------------------------------------------------------
Закон за паркинг за велосипеди: линк
Велосипедски приказни: линк
Албум со паркинзи за точаци во Скопје: линк
---------------------------------------------------------------------
Погледнете некои од паркинзите за точаци во Скопје и нашите оцени на некои од споменатите аспекти во следниот албум.
Оваа 38-ма последна среда возиме со таа порака.
Бидете во 19:00 во Паркот на Франкофонијата.
Ја возиме раат Критична маса #38 по следнава рута:
Facebook настан: линк
Промотивни материјали: линк
Рута: линк
---------------------------------------------------------------------
Закон за паркинг за велосипеди: линк
Велосипедски приказни: линк
Албум со паркинзи за точаци во Скопје: линк
---------------------------------------------------------------------
постерот за КМ #38 |
Ние, кои возиме точак во градов, често се соочуваме со вакви приказни.
Кога конечно некако ќе успееме да стигнеме до нашата посакувана дестинација речиси секогаш се среќаваме со проблемот: „Каде ли сега да паркирам?“. Паркинзи за велосипеди скоро и да нема, а онаму каде што ги има се несоодветни... Затоа сме приморани постојано да се снаоѓаме и да импровизираме. Дрвја, огради, сообраќајни знаци, бандери... сето ова ни служи како паркинг. Можноста да паркираме секаде е и голема предност, но често, паркирајќи си го велосипедот на тој начин, и самите им пречиме на останатите. Така, понекогаш нам ни се лутат пешаците бидејќи им го блокираме патот.
Порано паркинзите за велосипеди стандардно се изработувале така што за нив можете да врзете само едно тркало. Токму вакви се најголемиот дел од паркинзите во Скопје (оние малку кои сепак постојат). Нивниот дизајн е непрактичен. Точаците врзани за нив се небезбедни, а да не говориме за тоа дека често настануваат и оштетувања на тркалата. Плус мора да се наведнете, што не е секогаш пријатно. Самото заклучување на точакот на нив е тешко, често едвај дофатно, ако се наместени покрај ѕид и посебно навечер. Прописните паркинзи треба да се високи, а велосипедот да се врзува за рамката. Само го потпирате, без клекнување, го врзувате за рамот и чао. Многу полесно за користење. Денешните тркала се вадат со еден потег за помалку од минута и затоа врзувањето за рамот е многу побезбедно.
Точакот веќе на многумина ни е основно превозно средство. Со него одиме на работа, на кафе, да пазаруваме, на натпревар, во музеј... Затоа е исклучително важно да постојат соодветни места каде што ќе можеме да го оставиме и да не се грижиме за неговата безбедност. Токму јавните институции треба да го предводат овој процес. Министерствата, театрите, музеите треба да покажат дека се отворени за велосипедистите и дека сакаат поубав и почист град. Нивниот позитивен пример несомнено ќе го следат и приватните компании. Кафулињата, рестораните, продавниците и трговските центри ќе добијат многу доколку имаат саглам паркинзи за велосипеди. Нивните посетители и муштерии ќе бидат среќни и поопуштeни и ќе го разнесат добриот глас наоколу. Со насмевка ќе го испијат најубавото кафе во животот под сенката на скопските липи кои мирисаат прекрасно во јуни...
несаглам VS. саглам паркинг |
Од август, минатата година, сите јавни институции законски се обврзани да обезбедат паркинг за велосипеди. За оние кои што допрва ќе се градат, обезбедувањето на простор за велосипеди ќе биде услов да добијат дозвола за градба, а оние кои се веќе изградени, имаат рок до 1.08.2015 да обезбедат. Повеќе за Законот прочитајте тука.
Нашето искуство низ градов ни кажува дека не сите јавни институции ја имаат исполнето таа обврска.
Со оваа Критична маса сакаме да ги потсетиме да го направат тоа, но не само да го направат „реда ради“, туку да обезбедат и:
Со оваа Критична маса сакаме да ги потсетиме да го направат тоа, но не само да го направат „реда ради“, туку да обезбедат и:
-безбедна локација под визуелна контрола (визуелната контрола може да се обезбеди со: чувар, камера или едноставно прометно место каде поминуваат многу минувачи, а не некое затскриено)
-пристапна локација за тркала (да нема скали и физички пречки до местото каде треба да се однесе точакот)
-лесна забележливост (видливост) на паркингот од страната од каде што најчесто пристапуваат луѓето
-локација во близина на влезот од објектот. Колку помало е растојанието од паркингот до влезот, толку е поголема веројатноста луѓето кои што го посетуваат објектот да доаѓаат на точак или пак луѓето кои веќе се на точак, да застанат токму кај вашиот објект
-осветлена локација и по можност заштитена од атмосферски влијанија
-држачи за велосипеди кои ќе бидат изработени од цврст материјал, заштитен од оштетување, добро прицврстени за подлогата
-држачи кои ќе овозможат врзување на велосипедот за што повеќе точки (рам, предно и задно тркало, седиште), но најважно од сè, за рамот
-визуелната препознатливост и интересниот дизајн се предност
Погледнете некои од паркинзите за точаци во Скопје и нашите оцени на некои од споменатите аспекти во следниот албум.
Законот сè уште не предвидува ваква обврска за објектите за домување и за објектите со комерцијално-деловна намена, но додека не се донесе таква обврска во некој следен чекор, очекуваме дека тие ќе ги обезбедат паркинзите за велосипеди на своја иницијатива. Објектите за повеќесемејно домување (станбените згради) на иницијатива на жителите, компаниите на иницијатива на вработените, а угостителските, трговски и слични објекти на иницијатива на менаџерите за да покажат дека кај нив се добредојдени луѓето кои се превезуваат на точак. Можеби не можат директно да влијаат на инфраструктурата за движење, но со инфраструктурата за паркирање можат да пратат силна порака како вело-пријателска дестинација!
За повеќе места каде сме добредојдени и на точак!
За повеќе места каде сме добредојдени и на точак!
За повеќе саглам паркинзи за точаци!
Саглам паркинг за раат завршена работа, раат шопинг, раат кафе..
Повеќе паркинзи, поголем поттик за повеќе точаци по улиците.
Повеќе точаци за почисто, поведро, поздраво, поопуштено, по-раат Скопје.
Саглам паркинг за раат завршена работа, раат шопинг, раат кафе..
Повеќе паркинзи, поголем поттик за повеќе точаци по улиците.
Повеќе точаци за почисто, поведро, поздраво, поопуштено, по-раат Скопје.
Бидете во 19:00 во Паркот на Франкофонијата.
Ја возиме раат Критична маса #38 по следнава рута:
Ѕрн ѕрн!
*** Секој учесник вози на своја одговорност.
--------------------------------------------------------------
Критична маса е неформален велосипедски собир кој се случува во над 300 градови во светот.
Нема лидери, нема формална организација, само група на свесни луѓе кои сакаат подобар вело-град.
Од мај 2012-та се случува еднаш месечно и во нашето Скопје!
Возиме секоја последна среда во месецот по различна рута и со различна тема.

Критична маса во Скопје е самоодржлив, саморегулиран и самофинансиран месечен собир на урбаните велосипедисти кој зависи од придонесот на секој учесник, пред сѐ од неговото појавување на собирот и покажување бројност („Нѐ има, земете нѐ предвид“), од активната грижа настанот да помине во најдобар ред, а потоа и од донациите за промотивните материјали, волонтерскиот придонес во: осмислувањето на настанот, неговата промоција и се разбира во креативната страна на возењата. До овој момент, скопјани 37 пати возеа масовно по скопските улици, на 37 различни теми поврзани со урбаниот велосипедизам.
Да ги освоиме по 38-ми пат улиците со нашите точаци, активно, ангажирано, свесно, заедно, со полни срца! Приклучи се! Ангажирај се! Може да нé има повеќе! И Скопје може да стане подобар град!
--------------------------------------------------------------
Да ги освоиме по 38-ми пат улиците со нашите точаци, активно, ангажирано, свесно, заедно, со полни срца! Приклучи се! Ангажирај се! Може да нé има повеќе! И Скопје може да стане подобар град!
--------------------------------------------------------------
1 comments:
Eve i Runtastic ruta:
KM #38
Post a Comment