22 November, 2018

Став за воведувањето “Зона 30“ во Карпош 4

Објава од Општина Карпош на линкот Општина Карпош воведува т.н. “Зона 30“ (Зона на смирен сообраќај) во Карпош 4. Одлично! Според нас (а по примерот на Париз и други градови) секоја улица која не го идзвојува велосипедското движење во посебни патеки (а такви се само булеварите), треба да биде “Зона 30“ заради безбедно споделување на истите површини меѓу возилата и велосипедите. Додека, пак, улиците кои немаат издвоени пешачки патеки треба да бидат и “Зона 20“ зашто пешаците треба безбедно да коегзистираат со автомобилите.Само улиците кои ги раздвојуваат трите типа движење смеат да имаат дозволени брзини од...

13 November, 2018

Согледувањата и барањата од 5-тата Детска Критична маса „Орце на Орце“

Во саботата, на 10-ти ноември, се одржа 5-тата по ред Детска Критична маса со наслов “Орце на Орце“. Објавата на настанот ја има на линкот и во Facebook настанот, а целиот албум со фотографии, тука.Благодарноста до сите кои помогнаа ја изразивме тука.  Десетици деца и нивните родители имаа ретка можност безбедно да возат точак по улиците низ Дебар Маало и во околината. Кога се собиравме на почетната точка и кога ги прашавме децата дали се чувствуваат безбедно секојдневно на улица, ни рекоа дека не. А кога ги прашавме дали се чувствуваат безбедно денес и тука, ни рекоа: -Дааа!-Зошто?-Зашто нема коли и зашто има полиција. Претпоставуваме...

07 November, 2018

Детска Критична маса #5: Орце на Орце

Facebook настан: линк Рута: линк ------------------------------- Улиците се место за луѓето.  Автомобилите треба да се гости, а не домаќини, особено на маалските улици.  А предност имаат децата, нивните чекори и нивната слободна игра.  Затоа, ние од иницијативата на Детска критична маса во која сме НаТочак - NaTochak Колектив Ветерница Никулец Креатива и Едукација и Педала Ве покануваме на оваа 5-та по ред детска критична маса која ја возиме во срцето на градот и завршуваме во Дебар маало – гнездото на скопските автомобили!  ПОЧЕТОК: 11:30 пред Центар за странски јазици и Ветерница Затоа...

Pages 111234 »