31 December, 2019

Среќна нова година!

Драги точакољупци и точакољупци Од се срце ви благодариме што сте дел од нашата приказна и што постојано сте тука во борбата за подобро ВелоСкопје. Во новата година ви посакуваме да бидете што помалце во автомобил, да регрутирате другарче да проба да го смени автомобилскиот превоз во велосипедски, да бидете живи здрави и весели, да ја чувате животната средина и да бидете уште погласни во барањата за инфраструктурни и сообраќајни промени. На градските власти им посакуваме да ни ги тргнат сите контејнери, билборди, знаци, бандери и останати пречки од велосипедските патеки и многу подинамична година во смисол на реконструирање и трасирање нови...

26 December, 2019

Предлози за програми и буџет на Град Скопје за 2020-та година - НаТочак

На крајот на месец декемви, во очи носењето годишни програми и буџети на локалната самоуправа, НаТочак испрати допис до Град Скопје и до општините, до градоначалниците, до членовите на Советите, до раководителите на релевантни сектори во администрацијата.Мејлот и документот со предлози со кој се обративме до одговорните страни во Град Скопје е во продолжение.  ------------------------- Почитувани,Ве контактираме со овој допис, свесни дека во овој период се носат годишни програми и буџет за следната година. Очекуваме како советници кои нѐ претставувате нас како граѓани да ги разработите темите во соодветни амандмани, а вработените во Секторите...

25 December, 2019

Предлози за програми и буџет на Општина Центар за 2020-та година - НаТочак

На крајот на месец декември, во очи носењето годишни програми и буџети на локалната самоуправа, НаТочак испрати допис до Град Скопје и до општините, до градоначалниците, до членовите на Советите, до раководителите на релевантни сектори во администрацијата. На овој линк се наоѓа документот со предлози со кој се обративме до одговорните страни во Општина Центар, а тука се наоаѓа документот со предлози со кој се обративме до одговорните страни во Град Скопје. Мејлот и документот до Општина Центар како текст го има и во продолжение.Чекаме одговор дали се прифатени и вградени предлозите.  ------------------------- Почитувани,  Ве...

Pages 111234 »