На крајот на месец декември, во очи носењето годишни програми и буџети на локалната самоуправа, НаТочак испрати допис до Град Скопје и до општините, до градоначалниците, до членовите на Советите, до раководителите на релевантни сектори во администрацијата.
Чекаме одговор дали се прифатени и вградени предлозите.
5.3.1. Организирање на работилници помеѓу претставници на Градот Скопје и општините во Градот Скопје со цел запознавање со активности, размена на искуства и знаења за велосипедскиот сообраќај.
Како и: Потпишување на декларација за хиерархијата на учесниците во сообраќајот од страна на Градоначалникот на Град Скопје и другите Градоначалници на Општините во Град Скопје.
В. До Сектор за урбанизам
ДЕТАЛНИ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ
На овој линк се наоѓа документот со предлози со кој се обративме до одговорните страни во Општина Центар, а тука се наоаѓа документот со предлози со кој се обративме до одговорните страни во Град Скопје.
Мејлот и документот до Општина Центар како текст го има и во продолжение.Чекаме одговор дали се прифатени и вградени предлозите.
-------------------------
Почитувани,
Ве контактираме со овој допис, свесни дека во овој период се носат годишни програми и буџет за следната година. Очекуваме како советници кои нѐ претставувате нас како граѓани да ги разработите темите во соодветни амандмани, а вработените во Секторите да ги вклопат предлозите во своите програми и начин на работа.
За некои од наведените предлози е потребно издвојување на специјални буџетски средства, а за некои само волја работите кои и онака се прават, да се прават на друг начин.
Ова се темите кои ги издвојуваме како суштински за велосипедскиот сообраќај и кај кои сакаме да видиме промена во 2020-та.
Се надеваме на позитивен одговор.
Со почит,

НаТочак
-------------------------
До:
Општина Центар
Градоначалник на Општина Центар
Претседател на Совет на Општина Центар
Советници
Советници
Сектор за уредување на градежно земјиште и заштита на животна средина
Сектор за урбанизам
Сектор за јавни дејности
Почитувани,
Ве контактираме со овој допис, свесни дека во овој период се носат годишни програми и буџет за следната година. Очекуваме како советници кои не’ претставувате нас како граѓани да ги разработите темите во соодветни амандмани, а вработените во Секторите да ги вклопат предлозите во своите програми и начин на работа.
За некои од наведените предлози е потребно издвојување на специјални буџетски средства, а за некои само волја работите кои и онака се прават, да се прават на друг начин.
Ова се темите кои ги издвојуваме како суштински и кај кои сакаме да видиме промена во 2020-та.

А. До Градоначалник на Општина Центар и сите сектори
Град Скопје во Планот за унапредување на велосипедскиот сообраќај 2019-2021 (достапен на линкот: https://skopje.gov.mk/media/4370/predlog-plan-za-unapreduvanje-na-velosipedski-soobrakaj-2019-2021.pdf) има предвидено:
Град Скопје во Планот за унапредување на велосипедскиот сообраќај 2019-2021 (достапен на линкот: https://skopje.gov.mk/media/4370/predlog-plan-za-unapreduvanje-na-velosipedski-soobrakaj-2019-2021.pdf) има предвидено:
5.3.1. Организирање на работилници помеѓу претставници на Градот Скопје и општините во Градот Скопје со цел запознавање со активности, размена на искуства и знаења за велосипедскиот сообраќај.
Како и: Потпишување на декларација за хиерархијата на учесниците во сообраќајот од страна на Градоначалникот на Град Скопје и другите Градоначалници на Општините во Град Скопје.
Сметаме дека нема потреба да ги набројуваме придобивките од поголемото возење велосипед за граѓаните, здравјето, воздухот, метежот, живоста на јавните простори и општо квалитетот на живот во градот и искрено се надеваме дека Вашата општина е информирана за напорите кои Град Скопје ги прави на овој план и дека заеднички ги ускладувате политиките.
Оттаму, главното барање на нас како организација НаТочак до Градоначалникот на Општина Центар би било:
- Придружување на Општина Центар кон проектот Скопје велоград. (нема буџетски импликации)
- Потпишување договор за меѓуопштинска соработка со Градот Скопје и останатите општини во врска со овој план. (нема буџетски импликации)
- Планирање на мрежа од велосипедски патеки и ленти на улици од секундарната мрежа. (има буџетски импликации)
- Поставување паркинг пред сите јавни институции и на сите јавни простори (има буџетски импликации)
- Поставување паркинг пред станбени, деловни, комерцијални објекти во договор со сопствениците и замена на 1 паркинг место за кола со 10 паркинг места за велосипеди. (има буџетски импликации)
- Ослободување на тротоарите за нивната примарна функција - простор за безбедно движење на пешаци (има позитивни буџетски импликации)
- Поставување столпчиња на сите клучни проблематични локации на секундарната мрежа (има буџетски импликации)
- Зголемена контрола на паркирање, и во неработни денови и на места каде не постои платен паркинг (има позитивни буџетски импликации)
- Смирување на сообраќајот во маалата со физички мерки, во најбрз рок околу училиштата и градинките, а потоа и на цела секундарна мрежа преку: стеснување на ленти, искривување на коловоз, подигнати крстосници, подигнати пешачки премини. (има буџетски импликации)
- Онаму каде што нема велосипедски патеки и ленти, да се прогласат улиците за ЗОНА 30 и ЗОНА 20.
-30 km/h да биде дифолтна брзина за најголем дел од мрежата (станбени улици) која има издвоена пешачка инфраструктура (тротоари), но нема простор за посебни велосипедски патеки и ленти. Се смета дека автомобилите и велосипедите може безбедно да коегзистираат во простор каде ограничувањето е 30 km/h. За оваа мрежа да е целосно безбедна, побаравме измени на законската регулатива со кои на станбени улици и улици од пониска категорија ќе се дозволи возење велосипед на средина на коловозната лента, за што се надеваме дека ќе добиеме и поддршка од Градот и општините. На тој начин би добиле стотици километри пријателска мрежа за велосипеди низ Градот само со соодветни означувања.
-20 km/h да биде ограничување за оние улици кои немаат издвоена ниту велосипедскa, но ниту пешачка инфраструктура, па и пешаците и велосипедите се принудени да го споделуваат просторот со автомобилите. -50 km/h е брзина која е безбедна само кога се целосно физички издвоени пешачкиот, велосипедскиот и автомобилскиот сообраќај, што значи би била дозволена само на улици кои имаат издвоена и пешачка и велосипедска инфраструктура и не смее да е ограничување за улици од секундарната мрежа кои го немаат направено тоа издвојување
- Пропишување на задолжителен паркинг за велосипеди во условите за градба за сите нови објекти во деталните планови (нема буџетски импликации)
- Планирање пошироки тротоари од 1,5 метри, минимум 2,5 метри за да може да се сместат светилки, столпчиња и минимум 3,5 метри за да може да се планираат дрвореди и поставување урбана опрема во иста линија со нив, како контејнери, клупи итн. (нема/има буџетски импликации)
- Планирање простор во деталните планови за улично зеленило, урбана опрема и велосипедски ленти секаде каде што има простор. Во секундарна мрежа нема потреба од 4 коловозни ленти. (нема/има буџетски импликации)
- Во Мерките за управување со отпад да се нагласува дека не смее поставувањето на контејнери да го наруши минималниот потребен профил за пешачко движење од 1.5 метри (нема буџетски импликации)
- Во Мерките за спасување од сообраќајни несреќи да се наведат реални мерки за безбедност (физички мерки кои мора да се применат во проектите), а не празни фрази (нема буџетски импликации)
- Во архитектонските проекти да не се дозволува режим на паркирање во рамки на парцела со кое секое возило има директен пристап од тротоар и ја пресекува пешачката/велосипедската патека, поточно се дозволуваат повеќе влезови во парцела наместо еден. (нема буџетски импликации)
Г. До Сектор за јавни дејности
ЕДУКАЦИЈА И ПРОМОЦИЈА
- Организирање на трајни или времени велосипедски едукативни полигони при училиштата или надвор од нив, на локација која ќе може да ја користат повеќе училишта од општината (има буџетски импликации)
- Организирање на Ден без автомобили - Car free Day на улици од секундарната мрежа повеќе пати во годината (има буџетски импликации)
Д. Дополнително, бараме поддршка од општината во следните ИНИЦИЈАТИВИ:
- Придружување кон иницијативата за промена на Правилникот за урбанистичко планирање со воведување задолжителен паркинг за велосипеди и стандарди за сите типови објекти (нема буџетски импликации)
- Придружување кон иницијативата за измена на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата за воведување contra flow ленти, важни за еднонасочните улици, со кои ленти ќе се овозможи возење во спротивна насока само за велосипеди онаму каде што има услови. (нема буџетски импликации)
- Придружување кон иницијативата за измена на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата за дозволување да се вози велосипед на средина на коловозна лента на станбените и пониски категории на улици каде нема услови да се спроведат издвоени велосипедски патеки/ленти. (нема буџетски импликации)
Очекуваме дека сте свесни за придобивките од вградување на овие предлози во вашата годишна програма и буџет и дека нема да ги гледате само низ призмата на буџетски импликации, туку и низ призмата на придобивките во здравје, почиста животна средина, помалку бучава, почист воздух, поубав град, кои на крајот можат да се преточат дури и во финансиски придобивки за сите.Со почит,НаТочакнеформално здружение за урбан велосипедизамЗа подобро вело - Скопјеe-mail: natochak@gmail.comblog: natochak.blogspot.comTW : twitter.com/NaTochak-------------------------*Сличен допис беше испратен и до одговорните страни при Град Скопје. Блог-постот за тој допис е достапен на линкот: https://natochak.blogspot.com/2020/01/2020.html
0 comments:
Post a Comment