21 August, 2020

Прашање и реакција во врска со пробивањето на улица Есенинова

Денес, 21.08.2020, испративме допис до град Скопје со прашање во врска со пробивањето на ул.Есенинова, но и со реакција за потребата од работење на сеопфатна велосипедска мрежа на ниво на Град Скопје, како и со потсетување на потпишаниот меморандум.Дописот како документ е достапен на следниот линк, а како текст во блог-постот во продолжение.-----------До: Град Скопје, Градоначалник на Град Скопје, Сектор за планирање и уредување на просторот, Координативно тело за велосипедски сообраќај Предмет: Прашање и реакција во врска со пробивањето на ул. ЕсениноваПочитувани,На 20.08.2020 година, Град Скопје на официјалната веб страница објави соопштение...

14 August, 2020

Анкетен лист за ДУП Градска четврт Ц06 Стара железничка станица

За ДУП Градска четврт Ц06 Стара железничка станица кој се наоѓа на јавна анкета до 14.08.2020, Општина Центар ја има објавено целата документација на линкот.Синтезен приказ на планот може да се погледне во документацијата на линкот или на следната слика:НаТочак денес испрати свое мислење и сугестии преку анкетен лист.Содржината е во продолжение како текст и како pdf на линкот.ЗАБЕЛЕШКА:Имаме неколку едноставни, но суштински забелешки:1. ПРЕКИН НА ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ ПО ПРИМАРНА МРЕЖАДобро е што речиси целата примарна мрежа добива велосипедска инфраструктура. Булевар Кирил и Методиј од двете страни, булевар Кочо Рацин од двете страни, кружниот...

01 August, 2020

Пријава на инфраструктурен проблем – уништена велосипедска патека поради работа со тешка машинерија

На 22.јули испративме пријава до Град Скопје и до ЈП Улици и патишта за уништување на велосипедската патека на Партизанска поради невнимателна работа со тешка машинерија.Пријавата како .pdf документ е достапна на линкот, а како текст во продолжение. Подетален и посликовит опис на проблемот има во албумот на Facebook, достапен на овој линк. Албумот е објавен на 31. јули, откако 9 дена после пријавата, уништувањето на патеката продолжи.-------------------------До:                          Град Скопје Сектор за уредување...

Pages 111234 »