24 May, 2024

ВЕЛО-АНАЛИЗА НА ПРОГРАМИТЕ ЗА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ ВО 2024

ВЕЛО-АНАЛИЗА НА ПРОГРАМИТЕ ЗА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ ВО 2024 


Подготвил: НаТочак 

Дата: Мај 2024  


20 March, 2024

Партиципација, што беше тоа?

 

Инспирирани од последните случувања на тема „граѓанска партиципација“ во Град Скопје и времето во кое живееме и делуваме, пишуваме рекапитулар од нашите почетоци до сега.


НаТочак постои речиси 12 години за кои можеме да дадеме некаков краток пресек на граѓанската партиципација, базиран на нашето искуство. Граѓанската партиципација е без надомест за членовите, а е од огромна корист за Градот.

1️⃣ Нашето најпозитивно искуство од граѓанска партиципација било со КООРДИНАТИВНОТО ТЕЛО ЗА ВЕЛОСИПЕДСКИ СООБРАЌАЈ НА ГРАД СКОПЈЕ кое функционираше во периодот 2014-2021 година, во мандатот на 2 градоначалници од спротиставени политички партии. Го оформи Коце Трајаноски и како добра пракса без никаков проблем го продолжи Петре Шилегов. Секоја чест за отпочнувањето нешто ново и секоја чест за продолжувањето на нешто што функционирало.
Телото вклучуваше претставници од различни сектори од Град Скопје (уредување, сообраќај, инспекција), надлежни јавни претпријатија (Улици и патишта), по потреба - надлежно министерство (МВР), граѓански организации (најактивно НаТочак). За конкретни теми беа вклучувани и одговорни лица од соодветни институции.
На состаноците претставниците од Град Скопје информираа за предвидените активности, а активистите од НаТочак го даваа искуството од терен (каде има проблеми, каде има можности…), но споделуваа и соодветни пракси од странство. Најважно од се, повеќегодишната работа на телото (на административците како дел од нивната работа, но често и со останување после работно време, а на членовите од НаТочак - волонтерска), имаше ефект, кој беше видлив во градот и од кој се уште ги ползуваме придобивките!
Но таквиот напредок на ширење на велосипедската мрежа, храбро ослободување јавни простори и поттик на одржливиот сообраќај, требаше да продолжи.
Имавме обид активноста да продолжи и со оваа градска власт, но освен неколку состаноци во потесен состав, немаше никаков фидбек за нашите предлози и немаше одговор на опсежниот фидбек кој ние го дадовме за проектите на градот, па после тоа комуникацијата замре.

2️⃣ Друго наше, не толку позитивно искуство е искуството во Зелениот совет.
Одличен концепт предложен од Зелен хуман град, прифатен од градоначалничката, кој се надевавме при нефункционирање на телото од точка 1 ќе биде замена и ново повисоко ниво на функционирање. Таму се предлагаат одлични идеи, се пишуваат заклучоци, но ефект нема.
За да функционира со ефект на терен, мора да има соработка со службите и силна политичка волја од градската власт! Во моментот се чини дека тоа го нема, но да оставиме простор тоа да се промени.

3️⃣ Трето тело кое би сакале да го споменеме, кое беше инспирација за овој текст, во кое немаме удел ни ние, а НИТУ БИЛО КОЈА граѓанска организација, активистичка група, невладина организација или слично, е Партиципатното тело за урбанизам на Град Скопје.
Ова тело би требало да биде вклучено во неколку фази на новиот ГУП на Град Скопје кој е во изработка, а кој е најважен документ за иднината на градот.
Замислете, ова тело за ГРАЃАНСКА ПАРТИЦИПАЦИЈА е избрано само со членови, луѓе од институции. Без ниту еден независен глас, глас од терен, глас за животната средина, глас за културата, глас за сообраќајот, глас за било која урбана проблематика во градот.
Овие теми како урбанизмот ги држат недопирливи за граѓаните, со објаснување дека се високо стручни. Точно е дека се високо стручни, но со соработливи лица од стручна администрација може да им се доближат на граѓаните, да им се објасни што може и што не може, а да се искористат добрите идеи од граѓаните и да се преработат со што ќе се добијат поквалитетни решенија!
Ова знаеме дека е возможно од нашето прво наведено искуство во точка 1, кое од оваа перспектива погледнато, е навистина бесценето, со голем ефект во стварноста и светла точка во функционирањето на градот.

Искрено се надевавме дека тоа искуство ќе се повтори со Зелениот совет и со Партиципативното тело за урбанизам, но за жал, мораме да констатираме дека во овој момент сме разочарани.
Од несоработката на администрацијата со Зелениот совет и од едноличниот тотално непартиципативен состав на таканареченото Партиципативно тело за урбанизам.
На претходните повици за формирање на Партиципативно тело знаеме дека аплицираа доста граѓански активисти. Но тие јавни повици редовно беа поништувани без ниту едно јавно образложение, без апликантите кои се потрудиле да соберат документи да знаат како и зошто е поништен повикот?!

Дали конечно ги уморивте од аплицирање активистите, аплицираа само тие со кои полесно ќе поминете и затоа овој повик не го поништивте?

За жал, загубата е на сите нас.
Без вклучување на критички гласови во телата на градот, нема напредок!
Да, ќе ви одземе време, но ако двете страни се конструктивни и посветени како во случајот од точка 1, напредок ќе има!