24 May, 2024

ВЕЛО-АНАЛИЗА НА ПРОГРАМИТЕ ЗА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ ВО 2024

ВЕЛО-АНАЛИЗА НА ПРОГРАМИТЕ ЗА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ ВО 2024 


Подготвил: НаТочак 

Дата: Мај 2024  


ВМРО-ДПМНЕ
 

БОРБА ЗА КВАЛИТЕТЕН ЖИВОТЕН СТАНДАРД 

РАЗВИЕНА И ФУНКЦИОНАЛНА ИНФРАСТРУКТУРА 

ВЕЛОСИПЕДСКИ СООБРАЌАЈ: ДРЖАВНИ РЕГИОНАЛНИ ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ 

         • Во соработка со единиците на локалната самоуправа ќе се разгледа можноста за изградба на велосипедски патеки со кои ќе ги поврземе населените места, туристичките центри и знаменитости во Македонија, а со цел зголемување на користењето на велосипедите заради рекреација, туризам, безбедност и намалување на загадувањето. Во оваа смисла, финансиски ќе ги поддржуваме општините за изградба на велосипедска инфраструктура. 


ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ ЗА ГРАЃАНИТЕ 

НОВ ПЛАН ЗА ЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА 

ЈАВЕН ТРАНСПОРТ НА ЧИСТИ ГОРИВА 

        • Ќе ги поддржиме општините при изградба на велосипедски патеки, пешачки зони, зони на смирен сообраќај (зона 20) и сл. 


ПАТРИОТИЗАМ ШТО ОБЕДИНУВА 

МАКЕДОНИЈА - АТРАКТИВНА ТУРИСТИЧКА ДЕСТИНАЦИЈА 

ПЛАНИНСКИ ТУРИЗАМ 

        • Ќе ги мапираме и ќе ги промовираме планинските врвови (особено највпечатливите на Кораб, Шар Планина, Кожуф, Баба, Ниџе, Јакупица и Беласица), и велосипедските патеки, а ќе изработиме и апликативен софтвер за планинарски патеки, ќе извршиме мапирање на планинарските домови и ќе поддржиме планински спортови. 


250 МИЛИОНИ ЕВРА ГОДИШНО ЗА КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО СИТЕ ОПШТИНИ ВО МАКЕДОНИЈА 

ВЕЛЕС 

        • Изградба на велосипедски пешачки парк - Велес лоциран на езерото Младост. 

СТРУМИЦА 

        • Велосипедска патека до населените места за рекреација и еколошки транспорт 

БОГДАНЦИ 

        • Реконструкција на пешачка и велосипетска патека Богданци -м.в. Чести јавори II фаза 

ВЕВЧАНИ 

        • Изградба на велосипедски патеки во должина од 20 км на планината Јабланица 



СДСМ 

НОВА ЕКОНОМСКА ЕНЕРГИЈА ЗА ЕВРОПСКИ РАСТ И СТАНДАРД 

МАКЕДОНИЈА СО ЕВРОПСКА ИНФРАСТРУКТУРА 

ИЗГРАДБА НА АВТОПАТИШТА 

        • Изготвување на проект за велосипедска патека на регионален пат Р 1208 делница Охрид – Струга. 

ЛОКАЛНИ ПАТИШТА И УЛИЦИ 

        • Проект за булеварско решение Р 1301 на делницата Билјанини Извори – нас. Св. Стефан (дополнување на средишниот дел – заштитен појас со додавање дополнителна лента од двете страни со што ќе се пренаменат постојните крајни коловозни ленти за велосипедски патеки и тротоари), Охрид. 

        • Изградба на велосипедска патека од Струмица до с. Банско


ЕВРОПСКИ КВАЛИТЕТ НА ЖИВОТ 

ДЕСТИНАЦИЈА - ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА 

Е-ТУРИЗАМ 

        • Еко туризам − Национални паркови, природни резервати, промоција на 10 планински врвови, трасирање и мапирање на велосипедски патеки, планинарски патеки, мапирање на параглајдерски места поставени на мобилна апликација достапна за секој посетител, лов и риболов. Ќе ја укиниме забраната за скутери во Охридското Езеро. 


МЛАДИНСКИ МАНИФЕСТ – ПОЛИТИКИТЕ НА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКАТА МЛАДИНА НА МАКЕДОНИЈА 

КЛИМАТСКА АКЦИЈА 

СЕ ЗАЛАГАМЕ ЗА 

        • Промовирање на велосипедизмот како средство за транспорт. 

ПРОМОВИРАЊЕ НА ВЕЛОСИПЕДИЗМОТ КАКО СРЕДСТВО ЗА ТРАНСПОРТ 

        • Велосипедот е најеколошкото превозно средство кое не предизвикува загадување на воздухот, а воедно е и најевтиното превозно средство. Се залагаме за реобмислување на транспортниот систем, во кој велосипедот ќе биде во фокус, за зајакнување на велосипедскиот сообраќај, како и за подигање на свеста на граѓаните и нивна информираност околу користење на одржлив транспорт на луѓе, унапредување на безбедноста при управување со велосипед и, воедно, заштита на животната средина. 



ЛЕВИЦА 

УРБАНИЗАМ, СООБРАЌАЈ И ЛОКАЛНА САМОУПРАВА 

ЖЕЛЕЗНИЧКИ СООБРАЌАЈ 

        • Овозможување превоз на велосипеди во возови, жичари и автобуси – олеснет пристап на велосипедистите до железничките станици. 

ВЕЛОСИПЕДИЗАМ 

        • Воведување законска измена со која секоја општина која аплицира за средства од Фондот за патишта ќе мора одреден процент од средствата да ги насочи кон инвестирање во подобрување на локалната велосипедска инфраструктура. 

        • Изградба на кохерентен систем на велосипедски [авто]патишта и поврзување на постојните црвени велосипедски патеки во сеопфатна мрежа, која овозможува далечински велосипедизам и пред се безбедно возење велосипед во градовите и околните области, со цел задоволување на потребите на секојдневната мобилност. 

        • Изградба на вело линии за меѓуградски велосипедски сообраќај и развој на т.н. вело-туризам. 

        • Задолжителни велосипедски паркиралишта пред секоја јавна институција, (државни органи, министерства, судови, болници, банки, трговски центри, кафичи и др.). 

        • Враќање на услугата Rent-a-bike за краткорочно изнајмување велосипеди во сопственост на Град Скопје. 


КУЛТУРА, ТУРИЗАМ И СПОРТ 

ДОМАШНА ТУРИСТИЧКА ПОНУДА 

        • Плански развој на планинскиот туризам и скијачкиот туризам: маркација и одржување на планинарските и велосипедски патеки;



ЗНАМ 

        ТУРИЗМОТ ТРЕБА: да ги развива своите алтернативни облици – планинарењето, велосипедизмот, кампувањето; 



ВЛЕН 

        • НЕМА НИШТО 


ЕВРОПСКИ ФРОНТ 

        • НЕМА НИШТО 



АНАЛИЗА 

Главните трендови се изградба на велосипедска инфраструктура, промоција на велосипедизмот како одржлив начин на транспорт и развој на велосипедскиот туризам. 

ИЗГРАДБА НА ВЕЛОСИПЕДСКА ИНФРАСТРУКТУРА 

Повеќе партии ставаат акцент на изградба и подобрување на велосипедската инфраструктура: 

        • ВМРО-ДПМНЕ планира изградба на државни регионални велосипедски патеки за поврзување на населените места и туристичките центри, како и финансиска поддршка на општините за изградба на велосипедска инфраструктура. 

        • СДСМ предвидува изградба на велосипедски патеки на релација Охрид-Струга и Струмица-Банско. 

        • Левица се залага за изградба на кохерентен систем на велосипедски патишта и поврзување на постојните велосипедски патеки во сеопфатна мрежа, како и изградба на вело линии за меѓуградски велосипедски сообраќај. 


ПРОМОЦИЈА НА ВЕЛОСИПЕДИЗМОТ 

Партиите ја препознаваат важноста на промоцијата на велосипедизмот: 

        • Социјалдемократската младина на Македонија се залага за промовирање на велосипедизмот како средство за транспорт и подигање на свеста кај граѓаните за користење на одржлив транспорт. 

        • Левица предлага задолжителни велосипедски паркиралишта пред секоја јавна институција и враќање на услугата за изнајмување велосипеди во Скопје. 


ВЕЛОСИПЕДСКИ ТУРИЗАМ 

Партиите го препознаваат потенцијалот за развој на велосипедскиот туризам: 

        • ВМРО-ДПМНЕ планира мапирање и промоција на велосипедските патеки и изработка на апликативен софтвер за планинарски и велосипедски патеки. 

        • СДСМ предвидува промоција на еко туризмот преку трасирање и мапирање на велосипедски патеки. 

        • Левица и ЗНАМ се залагаат за плански развој на велосипедскиот туризам преку маркација и одржување на велосипедските патеки. 


Надвор од овие три области, Левица предлага воведување законска измена со која секоја општина ќе мора да инвестира одреден процент од средствата од Фондот за патишта во подобрување на локалната велосипедска инфраструктура. Исто така, Левица се залага за овозможување превоз на велосипеди во возови, жичари и автобуси, како и олеснет пристап на велосипедистите до железничките станици. Од друга страна, СДСМ во својот младински манифест ја нагласува потребата од реобмислување на транспортниот систем, во кој велосипедот ќе биде во фокус, со цел унапредување на безбедноста при управување со велосипед и заштита на животната средина.


0 comments:

Post a Comment