На школо и факултет со велосипед! беше темата на КМ#5 Скопје на Точак. Нешто помалку од 150 велосипедисти на 26.09.2012 ја извозија патеката од 10,5км, која обиколи многу средни училишта, факултети и библиотеки, а заврши пред ректоратот на УКИМ. Испративме и
писмо до многу образовни институции во градот, а при возењето институциите со најмногу паркинг места за точаци ги охрабривме со аплауз.
Ние уживавме при возењето, се надеваме и вие. Ако не можевте во живо, барем преку следниве фотографии и видеа.
|
13 велосипеди на 1 паркинг место за автомобил |
|
Моменти пред тргнување |
|
Весело друштво |
|
Не` има од сите возрасти |
|
Моноциклистот со верниот пес во групата |
|
Со тато на Критична Маса. Уште една потврда дека не` има од сите возрасти. |
|
На семафор пред поликлиника Букурешт |
|
Двете дами, Јана и Елена со тато. Забележети ги маичките - од напред плакатот од КМ4, од позади КМ5. |
|
Еден од добро дизјнираните точаци. |
Забавното show Тротоар направи многу добар прилог за Критична маса пред почетокот на КМ5.
А тука е нашиот Раде со неговите видеа директно од велосипедот.
|
Се надеваме ќе се гледаме секоја последна среда во месецот. |
0 comments:
Post a Comment